Референт за наплата на побарувања

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за  професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

                             Референт за наплата на побарувања во Генерална дирекција

  • Основни работни обврски

Референт за наплата на побарувања во Генерална дирекција врши следење на наплатата на премија за осигурување и превземање на активности и мерки за наплата на тековна и стара премија согласно усвоените процедури и други внатрешни акти на Друштвото, креирање на стандардизирани извештаи околу наплатата за секоја група посебно и нивно следење.

Потребни квалификации и карактеристики:

  • Високо образование
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Ориентираност кон  клиенти;
  • Професионален пристап кон работните обврски;
  • Способност за тимска работа;

Доколку  сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV на следната е-маил адреса: career@halkinsurance.com.mk, со назнака “Оглас за вработување на Референт за наплата на побарувања во Генерална дирекција. 

Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото.

Напомена:  Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.

КЛИКНИ