Одговорно лице на ставање за серија лек во промет

За компанијата: Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да... повеќе за компанијата »

Активни огласи од АСПЕКТУС ФАРМА ДОО експорт-импорт Скопје:

Одговорно лице за ставање на серија лек во промет - Аналитичар во Контрола на квалитет

АСПЕКТУС ФАРМА ДОО с.Бунарџик Илинден е Фармацевтска Компанија која е ориентирана кон  високо квалитетно производство на лекови  во Република Северна Македонија.

Одговорно лице на ставање за серија лек во промет

  • ВСС (дипломски или постдипломски студии во областа на фармација);
  • Завршена специјализација по аналитика и контрола на лекови или дополнителна едукација од производство и контрола на лекови и најмалку две години работно искуство во областа;
  • Одлично познавање на MS Office - пакетот и интернет пребарувачите;
  • Задолжително познавање и непречена комуникација (писмена и усна) на англиски јазик;
  • Способност за самостојна работа, посветеност, организациски и комуникациски способности, ентузијазам за нови знаења и техники, лојалност, тимска работа, флексибилност.

Работни задачи:

  • Обезбедува следење и непречено работење на производството и контролата на секоја серија произведен лек во согласност со законската регулатива и подзаконските акти кои се донесени за лековите, како и во согласност со барањата за добивање на дозволата за производство на лек;
  • Обезбедува следење на производството  на секоја серија лек спроведена во согласност со препораките на Добра производна пракса, односно контролата на квалитет во согласност со препораките на Добра лабораториска пракса какмо и член 51 на Директивата 2001/83/ЕС;
  • Потврда за квалитетот на производот во потполност усогласен со барањата од спецификациите и одобрението за ставање на лек во промет;
  • Квалификуваното лице одговорно за ставање на серија на лек во промет, заедно со носителот на одобрението за ставање на лек во промет, гарантира дека прегледот на квалитетот на производот е согласно законските стандарди, барањата на добра производна пракса и спецификациите за квалитет;
  • Го организира и ускладува процесот на работа во координација со останатите сектори.

Писмото за мотивација, кратката биографија со фотографија, копија од уверението за завршено потребно образование, копија од сертификати и дипломи, да се достават на следната адреса:

      Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [email protected]