Специјалист за корисничка поддршка

  • Објавен на 3.2019
  • Јонгис
  • Активен до 20.03.2019
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 046/279-400
  • Веб: jongis.com
  • Facebook: jongis

Работни обврски:

  • Професионална корисничка поддршка за крајните корисници на апликативниот софтвер,
  • Агилна комуникација преку повеќе канали – телефон, писмена електронска комуникација преку helpdesk систем со голем број на корисници,
  • Идентификација и приоритизација на проблеми кои може да влијаат на исправното функционирање на системот или одредени негови елементи,
  • Управување со проблеми на корисниците и нивно решавање,
  • Тестирање на web базирани апликации, откривање и евидентирање на неправилности
  • Соработка со тимот за развој на продуктот, придонесувајќи кон стратегијата за развој на продуктот со уникатниот увид кон корисничките искуства

Минимално потребни способности и вештини:

  • Одлични комуникациски способности, концизно и прецизно изразување при составување одговори и дописи и при вербална комуникација
  • Техничка подготвеност за користење workplace апликации како G suite алатки, Microsoft Office продукти, helpdesk системи и сл.
  • Одлична организација на работни задачи и ефикасно менаџирање со време
  • Способност за работа во тим во и надвор од рамките на компанијата
  • Одлично познавање на Македонскиот јазик, добро познавање Англиски јазик
  • Способност за самостојна работа, информирање од достапни ресурси, и само-одговорност за исполнување на целите на проектот и обезбедување високо ниво на корисничко задоволство

Посакувани квалификации:

  • Претходно искуство во улога поврзана со корисничка поддршка во B2B ИТ средина
  • Претходно искуство со апликации за колаборација, корисничка поддршка, менаџирање на задачи/проекти и сл. Ве молиме наведете ги истите во вашата апликација.
  • Познавање на концептите на корпоративно работење на една организација од аспект на финансии, управување со материјали/залихи, законска усогласеност, изготвување комерцијални извештаи и сл.
  • Искуство во имплементација на софтверски решенија (ERP, EHR, HIS …) во корпоративен или здравствен сектор

 

Локација: Скопје

Заинтересираните кандидати своите апликации може да ги испратат на [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за работната позиција за која аплицираат.

Ќе бидат контактирани само кандидатите што ќе бидат поканети на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »