Помлад Специјалист за е-Комерција

Флипрајз е дизајн и маркетинг агенција која работи на долгорочно развивање на брендови преку континуирано снабдување на дизајн и маркетинг услуги - од истражување на нови производи до нивно пласирање пред ценлата група и развивање во склоп на пазарот. Во овој ланец на услуги нудиме подготовка на сите материјали од информативен карактер за карактеристиките и начинот на употреба на производ и услуги. По брендирањето на производите, почнуваме со креирање на содржина која би се користела за рекламирање на производот.

Флипрајз вработува нов член во тимот за маркетинг услуги. Бараме амбициозна личност со познавање од е-маркетинг и copywriting. Од наша страна ќе биде обезбедена обука и поддршка за сè што е потребно успешно да се обавуваат и извршуваат задачите и проектите. Работиме со странски клиенти кои вршат продажба на производи претежно на е-платформи.

Објаснување: Листинг е страна на Амазон на која, преку пишан и визуелен формат е презентиран еден производ.

 

Главни работни задачи:

  • Работа на Амазон платформата за одржување на листинзите на клиентите
  • Интервенирање до центарот за корисница на Амазон за отклонување на неправилност на листинзите
  • Истражување на пазарот, конкуренцијата и купувачите
  • Пишување на материјали за презентација на производите на клиентит на електронски медиуми

 

Потребтни квалификации:

  • Одлично познавање на англиски јазик во пишана и говорена форма
  • Аналитички способности и остро око за детали
  • Познавање на Microsfot Word и Excel
  • Трпеливост, трудољубивост и љубопитност за истражување на нови производи
  • Способност за запазување на рокови и работа под притисок
  • Солидна компјутерска писменост
  • Способност за согледување на ‘големата слика’ и добро разбирање на производот и конкретниот пазар
  • Познавања од е-маркетинг и е-комерција ќе бидат предност
  • Претходно искуство и работа на Амазон ќе се смета за предност

 

Доколку сте заинтересирани и сметате дека ги поседувате потребните квалификации аплицирајте со доставување на CV на страната на kariera.mk или со испраќање на CV на [најави се за да го видиш е-маилот] .
На разговор ќе бидат повикани само кандидатите кои ќе го поминат првиот селективен круг. 

www.fliprise.com

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »