ОПЕРАТОР ВО ЦЕНТАР ЗА ОДНОСИ СО КОРИСНИЦИ (М/Ж)

За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата. ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни... повеќе за компанијата »

За нас   
 
EВН Македонија е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија во Македонија. На македонскиот пазар компанијата влезе во 2006 година како дел од групацијата EVN која е активна во 21 државa во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Нашата најзначајна цел е сигурно и квалитетно снабдување на корисниците со електрична енергија по конкурентни цени. 
 
 
За потребите на одделот за Односи со корисници, бараме: 
 
 
ОПЕРАТОР ВО ЦЕНТАР ЗА ОДНОСИ СО КОРИСНИЦИ (М/Ж) 


 
Работни задачи и активности:  

  • Одговарање на барањата на корисниците преку телефон или електронска пошта,  Одговарање на барања кои бараат стандардни одговори според однапред предвидени сценарија, но и барања кои се несекојдневни и непредвидени,  
  • Координација на барањата од корисниците со соодветниот  одговорен оддел/ КЕЦ и дежурните екипи,  
  • Анализа на потребите на потрошувачите,  
  • Подготовка на извештаи.  

 
Потребни квалификации: 

  • Најмалку средно образование,  
  • Познавање на MS Office, 
  • Течно говорење македонски и албански јазик,  
  • Најмалку 2 години релевантно работно искуство. 

 
Лични карактеристики:  

  • Комуникативност:   
  • Флексибилност   
  • Одговорност, 
  • Тимска работа,   
  • Културно, пристојно и позитивно однесување со корисници. 

 
Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија, на  [најави се за да го видиш е-маилот] испратете куса биографија и мотивационо писмо, или потполнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница http://www.evn.mk најдоцна до 15.02.2018. 
 
Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување  
 
ЕВН е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.  

 

Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од тимот на ЕВН Македонија!  

ЕВН Македонија, Оддел за човечки ресурси http://www.evn.mk [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »