СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПОДДРШКА на IT СИСТЕМИ (М/Ж)

За компанијата: Електродистрибуција ДООЕЛ Скопје е компанија чија главна дејност е дистрибуција на електрична енергија. Компанијата е дел од EVN групацијата. ЕЛЕКТРОДИСТРИБУЦИЈА вработува професионалци од различни... повеќе за компанијата »

ЕВН Македонија Електроснабдување ДООЕЛ е дел од EVN групацијата чија главна дејност е снабдување со електрична енергија. Статусот на стабилен и долгорочен партнер кај корисниците го постигнуваме со поставување на највисоки стандарди за квалитет за нашите продукти и услуги по конкурентни и фер цени. 

 

За потребите на групата Маркетинг и Продукт менаџмент, бараме: 

 

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПОДДРШКА на IT СИСТЕМИ (М/Ж) 

 

Работни задачи и активности:

  • Подготовка на технички барања и спецификации за имплементација на ИТ решенија за ЕВН Македонија Електроснабдување 
  • Дизајнирање и имплементација на автоматизација на процеси во ЦРМ и базата на податоци на компанијата 
  • Бизнис администрација на ЦРМ системот 
  • Обучување на вработените за користење на системските решенија   
  • Сегментација на корисници и имплементација на сегментацијата   
  • Обезбедување поддршка на при: Анализа, развој и структура на продуктите и цените, развој и имплеметација на ценовна политика, планирање на поддршка, управување со продажно портфолио, анализа и истражување на пазарот на крајни корисници, анализа на конкуренција, обука на менаџерите за клучни и бизнис корисници, извештаи за пазарот, подготовка на податоци за планирање и известување.  

 

Потребни компетенции:

  • Високо образование - електротехничко или информатичко   
  • Одлично познавање на англиски јазик 
  • Одлично познавање на SQL, Oracle ќе се смета за предност 
  • Основни познавања на структурата на податоците од енергетиката (податоци од броила, билинг и сл.) 
  • Основни познавања од областа на Проектен и процесен менаџмент   
  • Основни познавања на економија, финансии и статистика во енергетиката, ќе се сметаат за предност   
  • Познавање на Groovy (java) или R, како искуство со ЦРМ системи, истотака ќе се смета за предност 
  • Отвореност и комуникативност, 
  • Флексибилност и позитивен став, 
  • Одговорност и тимска работа,   
  • Аналитичност, 
  • Способност за ефикасна работа во кратки рокови. 

 

Доколку сте заинтересирани за кариера во ЕВН Македонија Снабдување, на [најави се за да го видиш е-маилот] испратете куса биографија и мотивационо писмо, или пополнете ја електронската апликација на нашата интернет-страница www.evn.mk најдоцна до 21.03.2019

 

Напомена: Доколку сакате Вашите податоци да бидат зачувани во нашата база на податоци согласно Законот за заштита на лични податоци, покрај биографијата и мотивациското писмо треба да испратите и изјава за дозвола за користење на лични податоци за потребите за вработување  

 

ЕВН е компанија која нуди еднакви можности и правичен третман при вработување на сите лица без оглед на нивната раса, пол, религија, национална припадност, вид на попреченост или политичка припадност.  

 

Вашиот успех е и наш успех, бидете дел од тимот на ЕВН Македонија!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »