Специјалист за корисничка поддршка - Франсуски или Германски јазик

  • Објавен пред 11 месеци
  • PeopleWeek
  • Активен до 14.06.2023
  • Позиција: Телефонски оператор/Поддршка
  • Локација: Скопје
  • Веб: peopleweek.com/en

За Компанијата:

PeopleWeek е меѓународна софтверска компанија која изработува софтвер за човечки ресурси и за соработка со седиште во Швајцарија. Нашето седиште е во Женева, а имаме канцеларија во Скопје. Ни е сме "next-gen" решение при што сме уникатно позиционирнани нудејќи прилагодлив систем. Peopleweek е брзорастечка компанија која има многу широк спектар на модули. Достапна е како веб и мобилна апликација. Ова нé прави возбудливо место за работа без разлика дали сте во техничка, програмерска или улога на корисничка поддршка. Без оглед на вашата улога, вие сте ментално стимулирани секој ден. Културата е динамична, претприемничка и - како што може да очекувате од една Швајцарска компанија - има високи стандарди за квалитет. Се гордееме со нашата работа, развивајќи паметна и безбедна технологија, интуитивни кориснички искуства и поддршка на клиентите на персонално ниво. PeopleWeek нуди интересни и предизвикувачки кариери. Очекуваме членовите на тимот да работат со висок степен на независност и сакаме тие да уживаат во нивната работа.
Повеќе информации може да дознаете тука.

Опис на работната позиција:

Целта на работната позиција е да се поддржат клиентите на PeopleWeek во текот на целиот животен циклус. Почнувајки од момнетот на станување клиент, обезбедувајќи непречен процес на вклучување и имплементација и помагајќи им да бидат што е можно поавтономни и ефикасни. На крајот на краиштата, целта на улогата на специјалист за поддршка е да ги задржи клиентите среќни.

Специјалистите за корисничка поддршка се првата точка на контакт со клиентите.

Односот со нив започнува со процесот на имплементација, каде што ќе го водите клиентот низ процесот на дизајнирање на системот, за да техничкиот тим може да го конфигурира системот да ги задоволи потребите на клиентот. Ова бара од вас да имате темелно и широко разбирање за технологијата на PeopleWeek, која опфаќа околу 25 HR и модули за соработка.

Следната фаза е водење на клиентот низ процесот на собирање податоци, така што PeopleWeek потоа може да ги внесе нивните организациски и податоците за вработените во системот.

После фазата на имплементација, вклучува обука на клучните корисници на клиентот да го користат системот. Клучните корисници обично се членови на одделот за човечки ресурси (HR). Обуката му помага на клиентот да изврши User Acceptance Testing (UAT) пред системот да започне да се користи. После започувањето со работа на системот, постои одреден степен на ад-хок обука за неколку недели или месеци во зависност од потребите на клиентот.

Откако PeopleWeek целосно ќе се имплементира за клиентот, нивната интеракција со тимот за за корисничка поддршка обично е затоа што тие имаат прашања или имаат кориснички проблеми. Овие прашања обично се проблем со знаењето на корисникот, известување за грешка или барање за нови функционалности.

Тимот за корисничка поддршка, исто така, има постојана проектна работа, на пример, ажурирање на упатствата за корисникот и одржување на базата на податоци за прашања и одговори на клиентите во интерфејсот на системот.

Интеракцијата со клиентот е најчесто преку е-пошта (email) а повремено и преку видео-повик.

Што бараме?

Познавање на една од наредните комбинации на јазици (говорен и писмен) :

  • Француски и Англиски,
  • Германски и Англиски, или
  • Француски и Германски.
  • Способност за работа во тим
  • Интерес и интуиција за користење софтвер
  • Вештини за самоорганизирање
  • Способност за работа во тимска средина
  • Љубопитност и желба за учење и надоградување

Што нудиме?

  • Компетитивна плата
  • Целосна техничка обука
  • Можност за личен и професионален напредок
  • Работа во една смена (40 часа неделно), Сабота и Недела се неработни денови.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »