Главен сметководител

За компанијата: Интернатионал Фреш Фоод ДОО е компанија со седиште во Скопје, формирана во 2018 година од домашни и странски инвеститори. Компанијата има за цел да започне со производство и дистрибуција на свежо пилешко... повеќе за компанијата »

Работно место:  Главен Сметководител

Ниво на компетенција: Напредно

 

Опис на работното место и одговорности:

  • Води материјално и финансиско сметководство според двојниот систем и тоа: Главна книга,  дневник и аналитичка евиденција;
  • Одлучува во однос на сметководствените политики во друштвото и нивна примена;
  • Се грижи за чување и заштита на сметководствените книги и е задолжен нив да ги презентира на барање на некој државен орган или институција како и на барање на Раководните органи на друштвото;
  • Изготвување и книжење на плати;
  • Врши прием и контрола на сметководстевна документација пред да биде книжена согласно закон и актите на друштвото;
  • Контрола на обработка на девизни сметки и девизни плаќања, увози, набавни калкулации и сл.;
  • Пресметка на ДДВ и данок на добивка, пополнување, потпишување  и поднесување на даночни пријави и сите други обрасци за даночни цели;
  • Контрола на благајнички дневник;
  • Подготовка, потпишување и поднесување на завршна сметка;
  • Подготовка на статистички извештаи;
  • Подготовка на периодични финансиски извештаи (БУ, ББ и готовински тек);
  • Даночни и финансиски консултации и совети за генералниот менаџмент;
  • Буџетирање на идното работење во соработка со извршниот менаџмент.

Потребни професионални квалификации и функционални вештини:

Професионално квалификуван Сметководител кој постојано е во тек со професионалниот развој во своето поле докажано преку следниве критериуми:

  • Диплома за завршено 4-годишно високо образование од Економски Факултет (VII/1степен) (пожелен сектор: сметководство, ревизија или финансиско сметководство);
  • Поседување уверение за овластен сметководител од Институтот за Сметководители и Овластени Сметководители заверено во Регистарот на сметководители РМ;
  • Работно искуство од најмалку 4 години во областа на сметководството. 
  • Одлично разбирање на сметководствени правила и политики, вклучително МСФИ и МСС;
  • Познавање на работа со сметководствени програми;
  • Способност за активно, ефективно, ажурно, брзо и аналитично работењето;
  • Способност за работа во тим, и ефикасно координирање на тим;
  • Аналитичност, почитување на рокови, самоиницијативност и лојалност.

Предност ќе имаат кандидатите со солидно работно искуство во сектор производство и дистрибуција;

 

Сите заинтересирани кандидати нека испратат свое CV со фотографија не постара од 6 (шест) месеци на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот]  со задолжителна назнака “ГЛАВЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ’’.

Апликант може да биде секое лице без разлика на расна, верска, национална или политичка припадност.

 

Изборот на најдобрите кандидати ќе биде извршен најдоцна во рок од 45 дена од завршувањето на рокот за пријавување, во зависност од бројот на пријавените кандидати, во согласност со членот 23 од Законот за работни односи.

Напомена:

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Апликациите без назнака НЕМА да бидат разгледани!

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »