Block and Roll лого

Бараме практикант

  • Објавен на 5.2019
  • Block and Roll
  • Активен до 02.06.2019
  • Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
  • Локација: Скопје

Ако си студент по маркетинг или друга слична област, креативен си и сакаш да работиш ова лето, овој оглас е за тебе! Let’s Block and Roll!

Маркетинг агенцијата Block and Roll Скопје, има потреба од супер-амбициозен практикант. Block and Roll е маркетинг агенција која е нова на македонскиот пазар, но етаблирана во регионот, особено во Србија, каде постоиме повеќе од 15 години.

Во нашето богато портфолио се клиенти и партнери од автомобилскиот, прехранбениот, фармацевтскиот, козметичкиот и многу други сектори. Ние нудиме цел сет од алатки од ПР, дигитален маркетинг, печатење, видео продукција, па се до промоции и offline маркетинг, како и се што е потребно за да постигнеме најдобри резултати за нашите клиенти.

 

Затоа, доколку:

  • Имаш познавања од маркетинг
  • Сакаш да научиш нови алатки на комуникација и маркетинг во пракса
  • Подготвен/а си за динамична, интересна и креативна работа

 

Ние ти нудиме:

  • Договор за платена практична работа во времетраење од 3 месеци со можност за продолжување
  • Флексибилно работно време
  • Мнооогу искуство

 

Ако си заинтересиран/а, испрати ни маил на [најави се за да го видиш е-маилот] со твое CV и кратко мотивациско писмо каде ќе ни кажеш кои се твоите три идеи за промоција на нов бренд на пазарот. Block.mk го задржува правото да ги контактира само оние кои имаат потенцијал да бидат избрани.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »