О Г Л А С
За прием на работници на определено работно време
ЖАС ГРУПАЦИЈА ДОО Скопје со седиште на ул. Перо Наков бр.1, Гази Баба – Скопје, поради проширување на својот тим има потреба од:
ЕКОНОМИСТ СО УВЕРЕНИЕ ЗА ОБИЧЕН СМЕТКОВОДИТЕЛ - 1 (една) позиција
Потребни квалификации:
- Поседување на Уверение за обичен сметководител
- Работно искуство од областа на сметководството и финансиите минимум 3 години
- Работа со компјутери (познавање на MS Office пакетот и работа со интернет)
- Пожелно возачка дозвола Б категорија
- Познавање на англиски јазик.
Способности и вештини:
- Комуникативна, исполнителна, одговорна и лојална личност, способна за тимска и самостојна работа во динамична средина, со одлични организациски способности и спремност за работа под притисок и запазување на рокови.
Работни задачи:
- Материјално работење;
- Финансиско работење;
- Изготвување и книжење на влезна и излезна финансиска документација;
- Пожелно е познавање на доставување на извештаи и поднесоци до УЈП, ЦРМ, НБРМ.
- Работа и комуникација со релевантни институции;
- Останати сметководствени и финансови работи кои произлеуваат од дејноста.
Избраниот кандидат ќе заснова работен однос на 3 месеци, со можност за продолжување во зависност од прикажаните резултати во работењето.
Работата ќе се извршува со полно работно време (40 часа) од понеделник до петок. Дневното работно време започнува во 08:00, а завршува во 16:00 часот.
Висината на месечната плата е во зависност од квалификациите и условите кои ќе ги исполнува кандидатот.
Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат наведените услови својата кратка биографија (CV) да ја испратат на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака за работна позиција за која аплицираат, најдоцна до 23.09.2021 година. Ненавремените и нецелосните апликации нема да бидат земени во предвид.
Сите податоци добиени преку апликациите ќе бидат користени доверливо и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.
Само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.