Лаборант/Хемиски техничар/Фармацевтски техничар

За компанијата: GenLight е сеопфатна платформа за лабораториски анализи. Добавувачи сме за се што може да им биде потребно на лабораториите за контрола на квалитет, а истовремено имаме и акредитирана лабораторија за спроведување на сите анализи потребни за контрола на квалитет во индустријата. повеќе за компанијата »

GenLight е сеопфатна платформа за лабораториски анализи. Застапници сме на компании за лабораториски реагенси, потрошни материјали и хемикалии, а преку акредитираната лабораторија нудиме услуги за испитување на храна и вода. Потребен ни е лаборант со Б категорија дозвола за:

  1. Припрема на раствори,
  2. Одржување на хигиената во лабораторијата
  3. Одржување на дел од системот за контрола на квалитет
  4. Прием на примероци
  5. Земање на примероци
  6. Дистрибуција на материјали 
  7. Магацинска работа

Нудиме можност за унапредување на работното место во насока на развој на соработка со клиенти и/или развој во лабораториските вештини и познавања на аналитички методи. Платата постојано ја зголемуваме, но поради обемот на почетна обука што ја даваме на новите колеги, почетната плата е 24 000 нето. Доколку сте апликант со искуство, се договараме околу платата. 

Сите заинтересирани кандидати се добродојдени да го пратат своето CV на [најави се за да го видиш е-маилот] .

Планиран рок за вработување 01.02.2024

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »