УПРАВИТЕЛ НА ДРУШТВОТО

  • Објавен на 7.2018
  • ЕНЕА ДОО
  • Активен до 17.07.2018
  • Позиција: Останато
  • Локација: Тетово

ДТУ ЕНЕА Д.О.О - една од најбрзорастечките компании за продажба и дистрибуција во FMCG индустријата постојано работи на градење на квалитетен и успешен тим на професионалци. Работејќи со висококвалитетни и конкурентни производи за широка потрошувачка, ЕНЕА Д.О.О создава успешна приказна и континуирано им овозможува избор и квалитет на купувачите.

За потребите на Друштвото се распишува следниот оглас:

УПРАВИТЕЛ НА ДРУШТВОТО

Управителот ќе има клучна лидерска улога во рамките на Друштвото која ќе вклучува управување со синџирот на снабдување и дистрибуција низ целата земја. Ќе ја води и развива локалната работна сила за дистрибуција, како и развивање на добри односи со тековните и потенцијалните клиенти.

Ќе биде вклучен во развојот на нови продажби, подобрување на методите за набавки и продажба и истражување на нови бизнис можности, како и маркетинг на тековното портфолио преку тимот на ЕНЕА ДОО.

Главни одговорности

•    Обезбедување на лидерство и визија, развој на долгорочни и годишни планови, како и создавање на стратешки план на компанијата и извршување на истиот;

•    Поставување и постигнување на клучни показатели на успешност KPI  за: продажба, испорака, набавка, трошоци и други мерења на оперативните перформанси;

•    Идентификување, создавање и развивање нови пазарни можности, креирање и изградба на стабилен и успешен деловен предлог кој обезбедува нови договори и долгорочни односи;

•    Поддршка и воведување на нови производи во компанијата кои ќе ветуват раст и континуирано подобрување на квалитетот на бизнисот;

•    Управување со сите активности поврзани со продажбата, кои опфаќаат поставување и строго следење на целите за продажба и обезбедуваат точна испорака на производи во сите продажни канали;

       •   Обезбедување на  навремено собирање на парите на компанијата од продажбата

  •  Развивање на план за максимизирање  на наплата.

•    Навремено ажурирање на активностите на конкурентите и обезбедување на поврат на пазарот на нови производи, промени во цените, нови канали на продажба итн.

•    Комуницирање на оперативните активност и продажните резултати до Извршниот менаџмент и давање препораки и планови за тековно подобрување.

•    Следење на развојот на законодавството во индустријата, развивање и имплементирање на стратешки промени со цел да се одржи усогласеноста и да се максимизираат деловните резултати;

•    Развивање и одржување на одличен однос со клучните засегнати страни, како што се клиенти, добавувачи, организации во заедницата, регулаторни тела и сл .

•    Претставување на организацијата на трговски изложби, настани, демонстрации и други сродни активности;

        •   Следење на операциите на складирање.

 •    Формулирање и извршување на мерните параметри во согласност со деловните цели за секоја година во преглед на перформансите.

Потребни комуникациски вештини:

      •   Талент за иновативност и генијалност, ефикасност во развој на деловни процеси.

      •   Запознаен со трговијата со продажба на ХоРеКа  производи и други сродни /

потенцијални индустрии

•    Стратешки мислител со способност за разбирање на пазарот и деловна интелигенција за развој на бизнисот;

 

Потребни квалификации:

•     Завршено високо образование Факултет за бизнис – економија или Факултет за менаџмент

       •    Пожелни се постдипломски квалификации;

       •    Искусен менаџер со позадина во дистрибуција или логистика.

               •     Добро познавање на македонскиот пазар;

      •     Познавање на ИТ технологии;

      •     Возачка дозвола Б категорија

      •    Познавање на англиски јазик

Сите заинтересирани кандидати кои сметаат дека имаат вештини и знаење за оваа позиција, треба да испратат свое мотивациско писмо и професионална биографија (CV) на: [најави се за да го видиш е-маилот] ,  со назнака "Управител".

Краен рок за пријавување: 17.07.2018

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »