Оглас Инвенио - административен асистент

  • Објавен на 10.2019
  • Инвенио
  • Активен до 12.10.2019
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје

(преземи го огласот како PDF)

 

АДМИНИСТРАТИВЕН АСИСТЕНТ

ИНВЕНИО ДООЕЛ е дел од меѓународна инженерска фирма со свои претставници во Европа, Кина, САД и Австралија. Со над триесет години искуство во областа на инженерските услуги и услугите за развој и управување на кавлитетот, нашите специјалисти учествуваат во секој момент од создавањето на производот.  Дејствуваме  како во нашaтa фирма, така и на територијата на претпријатието на клиентот.

Во врска со плановите за проширување на компанијата, ние бараме мотивирани кандидати за работната позиција административен асистент.

 

ГЛАВНИ РАБОТНИ ОБВРСКИ:

  • Вршење преглед и координација на стандардни и нови компаниски процедури, вршење оперативни и административни активности, одржување на компаниските регулативи и правилници
  • Воспоставање приоритети за работа и обезбедува строго почитување на сите рокови и процедури при извршување на задачите
  • Воспоставување професионални контакти - внатрешни и надворешни
  • Координирање на протокот на информации помеѓу структурната единица и управителот
  • Собирање на податоци и подготовка на периодични, специјални и тековни извештаи и извештаи
  • Подготвување, евиденција и архивирање на службени документи, случувања, проекти  
  • Одржување и ажурирање на трошоците, фактурирање, подготовка на месечни извештаи - одржување на список на потребни канцелариски потрошни материјали, потребна опрема и нивна навремена набавка
  • Организација на службени посети, настани, тренинзи
  • Kоординира активности за управување со човечки ресурси на компанијата, yчествува во изработката на проектите на работното место во компанијата и нејзините структурни единици , учествува во дефинирањето на барањата за работа и во развојот на описите за работа
  • Организира активност на регрутирање на нови вработени за сите позиции во компанијата и обезбедува усогласеност со минималните услови за занимање на соодветните позиции
    Организира проценка на перформансите на вработените и предлага мерки и активности за подобрување на образованието и стручно оспособување на персоналот
  • Организира периодични и ненајавени инспекции за исполнување на должностите на персоналот од областа на трудот и технолошката дисциплина, безбедност и хигиена на работата
  • Организира и контролира здравствената заштита на персоналот, вклучително и периодични годишни здравствени  прегледи,
     

ПОТРЕБНА КОМПЕТЕНТНОСТ ЗА ИСПОЛНУВАЊЕ НА РАБОТНАТА ДОЛЖНОСТ:

  • Високо образование
  • Претходното работно искуство во администрацијата ќе биде предност
  • Развиени компјутерски вештини и познавање од компјутерски програми за канцеларија на MS Office
  • Активно познавање на англиски јазик (усна и писмена комуникација)
  • Возачка “Б” категорија
  • Одлични организациски вештини и способност за поставување приоритет
  • Самоиницијативен, снаодлив и тимски работник со аналитички вештини
  • Вештини за комуникација и презентација
  • Пoсветен, професионален и позитивен став, љубезен, способен и лесно прилагодлив,  искрен во работата и односите
  • Способност за внимание на деталите и вештините за решавање проблеми
  • Креативен ум со можност да предложи подобрувања
  • Подготвен да патуваат во регионот и во странство

Заинтересираните кандидати можат да ја достават својата биографија на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] . Исконтактрани ќе бидат само оние кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »