Координатор на проект

Кандидатот покрај општите треба да ги исполнувааат и следните услови:

 

-    Универзитетско образование во општествени науки (завршени студии од втор циклус);

-    Најмалку три години работно искуство во водењето проекти;

-    Напредно познавање и користење на устен и пишан работен англиски јазик;

-    Активно користење на MS Office;

-    Способност за подготовка на извештаи, статистички прегледи, истражувања, анализи и документи за креирање на политики;

-    Напредни организациски и комуникциски вештини;

-    Чувство на одговорност во извршувањето на поставените задачи;

-    Креативност, самоиницијативност и способност за работа во тим.

Како предност ќе се смета искуство во подготовката на апликациии за изработка предлог на проекти, искуство во областите владеење на правото и правосудство и завршени постдипломски студии.

 

Кандидатите треба да поднесат доказ за сите компетенции наведени во огласот. 

 

Најдоцна до 15 јануари 2019 година заинтересираните кандидати треба да достават:

• детална биографија

• писмо за мотивација

• потврда/препорака од претходен работодавач.

 

Кандидатите кои нема да ги достават бараните документи нема да бидат разгледувани.

 

Сите кандидати кои ќе влезат во потесниот избор ќе бидат повикани на разговор. Ве молиме наведете телефон за контакт и e-mail адреса.

 

Апликациите можете да ги доставите на следниов начин: По електронска пошта [најави се за да го видиш е-маилот]   предмет на пораката (позиција за која аплицирате)

По пошта на адреса: Транспаренси Интернешнл –Македонија , ул. Наум Наумовски Борче бр. 58, ПФ 270, со назнака (позиција за која аплицирате)

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »