Технолог – Програмер

Плата од 35.000 ден.

За компанијата: Свемек е производна компанија која се занимава со производство на машински делови, алат, како и услуги. Основната дејност на фирмата е глодање, стругање, сечење, дупчење на различни типови на материјали... повеќе за компанијата »

Должности и работни задачи:

  • Познавање и протолкување на работилнички цртеж за машински делови
  • Изработка на NC програми за CNC струг, CNC глодалка и техничка документација/ спецификации за изработка на машински делови
  • Има општо познавање од производствени процеси кои влијаат на квалитетот на машинските делови
  • Учествува во развој на производни процеси и контрола на квалитет
  • Учествува во изработка на прво парче/прототип
  • Знае да користи/препознава мерни инструменти според карактеристиките кои се бараат во техничкиот цртеж/пропратна документација
  • Препорачливо да познава CAD/CAM софтверски пакети

Квалификација (степен и вид на образование):

  • Средна стручна подготовка (во областа на машинството) или
  • Високо стручна подготовка (машински инженер)

Што нудиме:

  • Работа во една смена
  • Колективен годишен одмор
  • Прекувремена платена работа
  • Почетна плата: од 35,000ден. во зависност од квалификациите/компетенциите на кандидатот
  • Кандидатите со искуство во работата од 2 години ќе имаат предност пред останатите кандидати


Достава на CV на: [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »