Самостоен Референт за продажба на осигурување во Генерална дирекција

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за  професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

                    Самостоен Референт за продажба на осигурување во Генерална дирекција

  • Основни работни обврски

Самостоен Референтот за продажба на осигурување во Генерална дирекција врши истражување на пазарот на осигурување, постојано реализира посети на правни лица за продажба на осигурување, бара и придобива нови клиенти, врши продажба на полиси за различни видови на класи на осигурување а особено на класите за доброволно осигурување, врши промоција на продуктите на Друштвото, дава поддршка и помага на осигуреникот околу остварување на своите права од осигурување, се грижи за навремена наплата на премијата на осигурување, ги обновува постојните полиси за осигурување како и одржува контакти со клиентите и ги известува за сите значајни промени во Друштвото.

Потребни квалификации и карактеристики:

  • Високо образование
  • Најмалку 5 години работно искуство во осигурување;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Ориентираност кон продажба и клиенти;
  • Професионален пристап кон работните обврски;
  • Способност за тимска работа;

Доколку сте продажно ориентирани и сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV на следната е-маил адреса: career@halkinsurance.com.mk, со назнака “Оглас за вработување на Самостоен Референт за продажба на осигурување во Генерална дирекција.

Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото.

Напомена:  Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.

КЛИКНИ