Магационер

За компанијата: Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да... повеќе за компанијата »

АСПЕКТУС ФАРМА ДОО с.Бунарџик Илинден е Фармацевтска Компанија која е ориентирана кон  високо квалитетно производство на лекови  во Република Северна Македонија.

Магационер

Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:

  • Стручна подготовка: ССС;
  • Пожелно е минимум 2 години работно искуство на иста или слична позиција;
  • Одговорност, тимска работа, комуникативност и флексибилност;

Работни задачи:

  • Прием на материјали/суровини во магацин;
  • Да врши квалитативен и квантитативен прием на суровини, примарна и секунарна амбалажа со обезбедување на карантин, узорцирање, безбедно магационирање и сигнирање на анализираните материјали според нормите на добра производствена пракса;
  • Ја комплетира документацијата за приемот во софтвер кој го користи компанијата;
  • Издава суровини, примарна и секунарна амбалажа и врши достава на сертификати и анализи на материјалите до производствените одделенија според количините од требовањата за секој работен налог соодветно;
  • Води компјутерска евиденција на документите за квалитативна и квантитативна количина на залихи;
  • Разместување на примените материjали/суровини на соодветни места во магацин;
  • За секоја неусогласеност со стандардните постапки да го известува непосредниот претпоставен;
  • Врши прием на вратени суровини, примарна и секундарна амбалажа според требовање од организационата единица и врши компјутерска евиденција на потрошена и вратена количина и комплетирање на требовањето;
  • Одговорен за контрола и одржување на редот, дисциплина и хигиена во магацинот.
  • Врши товарање и истоварање на материали со рачен и електричен виљушкар (сертификат за управување со електричен виљушкар);
  • Учествување во правење на инвентар во магацин;

        Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини,  способности и лични особини:

  • Организираност и ефикасност;
  • Способност за тимска работа;
  • Работа со дадени рокови;
  • Следење на интерните правила и процедури;
  • Самоиницијативност и самокритичност;

Дополнителни информации:

      Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [email protected]

      Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 27.02.2021