Координатор на обработка на материјали за мебел

Одговорности и задачи:

  • Координација на набавка и продажба на материјали за мебел
  • Координација на процесот на обработка на материјали од изработка на кројни шеми до испорака на обработени материјали
  • Контрола и организација на активностите на вработените во секторите за изработка на кројни шеми, погонот за обработка на материјали и логистиката

Потребни квалификации:

  • Завршено високо образование - технички факултет, архитектура или дизајн на мебел ќе се смета за предност
  • Солидно познавање на работа со компјутер - MS Windows и MS Office, AutoCad или друга програма за цртање ќе се смета за предност
  • Аналитички, комуникациски и организациони способности

Профил на личност:

  • Организираност и одговорност
  • Ефикасност и ефективност
  • Самоиницијативност и енергичност
  • Способност за тимска работа
  • Способност за работа под притисок и на кратки рокови.

Кандидатите треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со законот на РМ. Вработувањето е на неопределено време.

Своето CV доставете го на e-mail:  [најави се за да го видиш е-маилот] .

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »