Дипломиран Електро Инженер

  • Објавен на 5.2019
  • Kogel Stil
  • Активен до 17.06.2019
  • Позиција: Инженер и технолог
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 3288500

КОГЕЛ СТИЛ ДОО Скопје ги смета своите човечки ресурси за клучен фактор за одржлив развој. 

Ние се потпираме на вештините и залагањата на нашите луѓе од сите нивоа на хиерархијата.

Наша цел е да ги привлечеме, развиваме и задржиме најдобрите професионалци, при што им

овозможуваме креативен развој на кариера и ги наградуваме нивните резултати. На тој начин

стекнуваме долготрајни вредности и конкурентска предност.

КОГЕЛ СТИЛ ДОО Скопје поради проширување на својата дејност објавува оглас за вработување на

 

1. Дипломиран Електро Инженер

 

Избраниот кандидат ќе учествува во работата на постројките и ќе биде задолжен за електро одржување на индустриски машини, 

моторни погони, трансформаторски станици, релејна заштита и др. 

Работата се извршува од 08:00 до 16:00 часот. 

 

Квалификации на кандидатите:

  • Дипломиран инженер ВСС VII степен (240 кредити), електротехнички  факултет
  • Со или без работно искуство
  • Возачка Дозвола Б категорија
  • Одлично познавање на MS Office, CAD софтвер и други пакети индустриски софтвер

 

Конкурентски предности за сите работни позиции:

  • Желба за работа во средина со високи барања
  • Одлични аналитички, комуникациски и организаторски способности
  • Динамичност, ефективност и ефикасност
  • Флексибилност и адаптибилност
  • Посветеност, мотивираност, иницијативност
  • Тимска работа и кооперативност
  • Решавање на проблеми

 

Кандидатите треба да ја приложат и следнава документација:

  • Мотивациско писмо
  • Биографија (CV)
  • Доказ за завршено образование

Огласот трае 20 (дваесет) дена од денот на објавувањето.

Кандидатите  треба да ги исполнуваат општите услови предвидени со Закон.

 

Вработувањето е со полно работно време (40 часа неделно), на определено време од 6 (шест) месеци, со можност за продолжување на неодредено време.

 

Аплицирањето се врши со испраќање на потребните документи на следната е-маил адреса [најави се за да го видиш е-маилот]   , со назнака “ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ – Позиција за која се конкурира “

 

Сите апликации ќе се сметаат строго доверливи.

Контактирани ќе бидат само кандидатите избрани за интервју.

Краен рок за пријавување: 17.06.2019

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »