Red Alert! We need Web Developers!

  • Објавен на 2.2018
  • Inovatika DOO
  • Активен до 16.02.2018
  • Позиција: Програмер/Информатичар
  • Локација: Цела Македонија

Компанијата Иноватика ДOО во соработка со австриската компанија Xplorify GmbH организира бесплатна проектно-ориентирана обука во траење од 45 дена, со можност за ВРАБОТУВАЊЕ по успешно завршување на обуката.

Обуката е со цел прошируваање на тимот на Иноватика со амбициозни веб девелопери кои сакаат да работат со нови технологии.

Обуката е целосно насочена кон Вашиот развој и Вашето изучување на најновите Open Source технологии, но како и кон тоа да станете способни за самостојно изработување на проекти, да ја развиете Вашата креативност и иновативност, да го поттикнете и насочите Вашиот тимски дух и со тоа да прераснете во професионален веб девелопер.

Обуката се состоии од четири модули кои ќе се разработат преку видео туторијали, интерактивни онлајн предавања во живо, практични вежби и финална изработка на проекти.

1. Server-side технологии:

Во првиот модул ќе изучувате работа со NodeJS server-side технологија за изработка на  console & web applications (ExpressJS) кои комуницираат со NoSql бази на податоци (MongoDB).

 

2. Client-side технологии:

Во вториот модул ќе се запознаете со:

  • изработка на client-rich Single Page Application (SPA) со помош на VueJS, Webpack, HTML5, CSS3;
  • автентикација со PassportJS и JWT; 
  • OAuth автентикација преку социјални мрежи (Facebook, Google+, итн.).

 

3. Real-time технологии:

Во третиот модул ќе работите со технологии за real-time комуникација преку WebSockets и WebRTC (audio, video & data channel). Целта е да изработите real-time апликација за колаборација и chat.

 

4. Demo Week

Во четвртиот модул ќе го примените знаењето од претходните три модули и ќе изработите практичен проект кој подоцна ќе го презентирате на членовите од Иноватика ДОО и Xplorify GmbH

 

*Алатки за работа на модулите:

  • Visual Studio Code - IDE
  • GitHub - Source Control

По изработка на финалниот проект кандидатите ќе се стекнат со практично искуство кое ќе им овозможи успешно развивање на функционални веб апликации со Open Source технологии.

Што ви нудиме:

  • Работа од дома (online), со флексибилно време за учење
  • Изучување на најнови технологии
  • Средина со високи перформанси и соработка
  • Учење преку изработка на проект
  • Постојано надгледување и поддршка од талентирани и искусни инструктори

Што бараме од вас:

  • Кандидатите да се во последната година од своите студии или да имаат завршено соодветно високо образование (компјутерски науки)
  • Самоинцијатива и желбa за учење
  • Интерес за веб девелопмент/ веб развој / развој на апликации и нови технологии
  • Тимска работа
  • Примена на знаењето преку изработка на проект

Огласот важи за кандидати од цела Македонија.

Сите што ги поседуваат горенаведените квалификации СЕ ПОКАНЕТИ ДА АПЛИЦИРААТ.

Вашата професионална биографија со задолжителна назнака на апликацијата: “I wanna code“ можете да ја дoставите на следнава емаил адреса:

[најави се за да го видиш е-маилот]

https://tutor.xplorify.net

Kонтакт тел. +389 (78) 289 620

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »