монтер

  • Објавен на 1.2019
  • Нефа мебел
  • Активен до 21.01.2019
  • Позиција: Занаетчија
  • Локација: Скопје
  • Телефон: 023066399

Компанијата НЕФА МЕБЕЛ се занимава со сериско производство на мебел за европскиот пазар и поседува сопствен малопродажен ланец. НЕФА МЕБЕЛ е дел од рускиот кластер на мебел. Матичната компанија во Русија се состои од 3 фабрики со над еден милион парчиња мебел произведени годишно и повеќе од 1000 сопствени салони за мебел.

 

Планот за развој на бизнисот на компанијата НЕФА МЕБЕЛ во Европа до 2020 година, вклучува обем на производството на 72 000 парчиња на мебел на годишно ниво во рамките на современа фабрика, отворање на синџир на продавници - 150 продавница за мебел во Европа, како и 500 нови вработени.

 

Поради растот и развојот на пазарниот потенцијал, како и проширувањето на бизнисот, во потрага сме по кандидати кои ќе се придружат на нашиот успешен тим на позицијата:

 

Монтер

 

Локација: Скопје

Опис на работата:

• За потребите на монтажа составува основна книговодствена документација 

• За секоја испорачана единица доставува извештај за испорака

• Ги контактира купувачите за достава на купениот мебел

• Професионалниот кодекс на однесување;

• Во случај на прием на рекламации веднаш контактира со одговорното лице 

• Го почитува упатството за монтажа 

• Ги почитува законот за сообраќај и законот за превоз во патниот сообраќај.

 

 

Доколку сакате да бидете дел од динамичен тим кој поставува стандарди и поттикнува тимска работа, испратете ја Вашата биографија и мотивационо писмо по електронски пат на следната e-mail адреса: [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака монтер.

Конкурсот е отворен до 30.01.2019 година.

 

Ќе бидат контактирани само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор.

 

Во процесот на селекција, кандидатите нема да бидат директно или индиректно дискриминирани врз основа на здравствената состојба или инвалидност, пол, бојата на кожата, возраст, национална припадност, религија, брачен статус, сексуална или политичка ориентација, членство во различни организации или било која друга лична карактеристика.

Забелешка: Со испраќањето на апликацијата, кандидатот се согласува дека компанијата ќе ги обработува неговите лични податоци во процесот на селекција во согласност со Законот за заштита на личните податоци

 

Профил на кандидатот:

• Минимум III степен на стручна подготовка

• Пожелно е искуство на слични работни места во дистрибуција и монтажа на мебел

• Љубезност и подготвеност за соработка

• Фокусираност на потребите на потрошувачите

• Возачка Б категорија

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »