Опис
Директно вклучен во развојот на новите решенија на МБС преку следење на процедури за тестирање на верзиите и водење на нивната имплементација и натамошна техничка поддршка.
- Имплементацијата се состои од тестирање на софтверското решение, инсталација кај клиентот и обука на корисниците
- Техничката поддршка се состои од тековна проверка на постоечки корисници кои ќе му бидат доделени за работа
Работни задачи:
- Следење и унапредување на процедури за тестирање на софтверските решенија
- Тестирање на софтверските решенија и соодветно документирање на утврдените недостатоци
- Проверка на верзија пред инсталација
- Обука на корисниците по инсталација
- Постојана комуникација со корисниците
- Водење на отворени случаи за примени барања од корисници
- Водење на соодветна документација од делот на одржување на софтвер преку предефирнирани Работни налози и Извештаи
Квалификации:
- Напредни комуникациски способности
- Способност за работа во тим
- Возачка дозвола (Б категорија)
- Предност е работно искуство во областа
Сите заинтересирани кандидати можат да испратат кратка биографија на: [најави се за да го видиш е-маилот]
Задолжително наведете ја работната позиција за која се пријавувате.