Транспортен работник

За компанијата: „Европа“ е компанија која остава свој белег на голем број генерации и тоа признание гордо го носи повеќе од 140 години, што ја прави една од најстарите компании во кондиторската индустрија на Балканот.... повеќе за компанијата »

АД ЕВРОПА Скопје има потреба од 4 транспортни работници кои ќе ги извршуваат работните задачи во Магацините на фабриката.

Транспортен работник во Магацин за готови производи (4 извршители)

Задачи на работното место:

  • го превзема готовиот производ од производните погони и го складира на одредено место во магацинот;
  • ја контролира количината на превземената роба и доколку таа не одговара сигнализира на одговорното лице за прием во магацинот;
  • по налог на претпоставеното лице треба да припрема пратки за утовар;
  • врши утовар на припремените пратки во транспортните средства;
  • при утоварот мора да ја контролира утоварената количина по налогот и за секое несогласување да го информира претпоставеното лице;
  • по налог на претпоставениот оди на истовар и врши истовар на производите во магацинот на купувачите;
  • по налогот од претпоставените да продолжи со работа и по завршувањето на работното време;
  • ја одржува хигиената во магацинот;
  • извршува и други работни задачи кои не се опфатени во описот на задолженија, по налог на претпоставениот;
  • го почитува  HACCP и IFS стандардот и работи по упатствата што ги предвидуваaт истите.

Услови за кандидатите:

  • ССС (завршено средно образование)
  • Брзина, прецизност, одговорност, ефикасност во работата
  • Почитување на колеги и претпоставени, насоченост на тимска работа 
  • Пожелно е работно искуство на исто или слично работно место

Компанијата нуди:

-  Можност за вработување на неопределено време

-  Можност за доусовршување и развој на кариера

- Редовни месечни примања, надоместоци и бенефиции

- Почетна месечна нето плата во опсег од 11.000 до 14.000 денари

Сите кандидати кои се заинтересирани за ова работно место, без разлика на возраст, пол, етничка, религиозна припадност или било каква попреченост имаат можност да аплицираат на овој оглас со доставување на CV на следниот mail:  aleksandraј@evropa.com.mк

Ве молиме да наведете во subject: Апликација за транспортен работник. Само избраните кандидати ќе бидат повикани на селективно интервју. Ве молиме без телефонски јавувања.

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »