Account Manager & Digital Specialist

За компанијата: Division е маркетинг агенција со целосни услуги основана во 2001 година. Нашиот тим е поврзан со страст да им помага на клиентите да постигнат извонредни резултати користејќи интегрирани маркетинг стратегии... повеќе за компанијата »

Маркетинг агенцијата Дивисион го проширува својот тим и е во потрага по ACCOUNT MANAGER & DIGITAL SPECIALIST.


Опис на работно место:

  • Главен одговорен за комуникација и координација на сите активности со клиентот
  • Учество во подготовка и изработка на годишни стратегии за маркетинг активностите на клиентот, за потребите на компанијата и/или некој од брендовите со кои истата работи за сите канали на комуникација
  • Учество во подготовка на маркетинг кампањи, вклучувајќи координација на потребните активности за реализација на секој таск помеѓу клиентот и интерните тимови (Креатива, Продукција, Дигитал), како и подготовка на финансиски понуди
  • Подготовка на комуникациски планови, координација со тимот за дигитални медиуми за следење на активностите на социјалните платформи, како и на остварените резултати од истите
  • Учество во изработка на стратегии и буџети за реализација на дигитални кампањи (Facebook, Instagram, Google Ads, LinkedIn, веб портали)
  • Комуникација со екстерни добавувачи за потребите на реализација на некоја од активностите на клиентот

Потребни вештини:

  • Одлични комуникациски вештини
  • Одлични организациски вештини и раководење со време
  • Тимски играч
  • Способност за работа со рокови и повеќе истовремени активности
  • Одлично познавање на Microsoft Office пакет
  • Познавање на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, LinkedIn и Google, како и познавање и техничка способност за работа со Facebook Ads менаџерот и Google Ads менаџерот

Потребно е претходно работно искуство на оваа работна позиција, пожелно минимум 2 години

Што нудиме:

  • Работа во динамична средина со современи технологии
  • Работа во тим со поддршка и менторство од поискусни колеги
  • Простор за учење и напредок во областа на маркетингот и дигиталните медиуми.

Рок за аплицирање: 13.02.2023

Сите заинтересирани кандидати може да испратат свое CV на  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »