ДИВИСИОН ДООЕЛ Скопје лого

Account & Digital Specialist

За компанијата: Division е маркетинг агенција со целосни услуги основана во 2001 година. Нашиот тим е поврзан со страст да им помага на клиентите да постигнат извонредни резултати користејќи интегрирани маркетинг стратегии... повеќе за компанијата »

Опис на работно место:

  • Главен одговорен за комуникација и координација на сите активности со клиентот
  • Учество во подготовка и изработка на годишни стратегии за маркетинг активностите на клиентот, за потребите на компанијата и/или некој од брендовите со кои истата работи за сите канали на комуникација
  • Учество во подготовка на маркетинг кампањи, вклучувајќи координација на потребните активности за реализација на секој таск помеѓу клиентот и интерните тимови (Креатива, Продукција, Дигитал), како и подготовка на финансиски понуди
  • Подготовка на комуникациски планови за дигитални медиуми, следење на активностите на социјалните платформи, како и на остварените резултати од истите
  • Учество во изработка на стратегии и буџети за реализација на дигитални кампањи и закажување и сетирање на кампањи (Facebook, Instagram, Google Ads, LinkedIn, веб портали)
  • Комуникација со екстерни добавувачи за потребите на реализација на некоја од активностите на клиентот

Потребни вештини:

  • Одлични комуникациски вештини
  • Одлични организациски вештини и раководење со време
  • Тимски играч
  • Способност за работа со рокови и повеќе истовремени активности
  • Одлично познавање на Microsoft Office пакет
  • Познавање на социјалните мрежи Фејсбук, Инстаграм, LinkedIn и Google, како и познавање и техничка способност за работа со Facebook Ads менаџерот и Google Ads менаџерот

Предност ќе имаат кандидатите со минимум 1год. работно искуство во областа.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат повикани на интервју.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »