Архитект – Проект менаџер

Друштвото за архитектура, урбанизам и инженеринг ТЕТРАКТИС Кристијан ДООЕЛ од Скопје објавува оглас за вработување за позиција – АРХИТЕКТ – Проект менаџер

Потребни квалификации:

  • Минимум 2 години релевантно работно искуство (проектирање, надзор и инженеринг)
  • ВСС - архитектонски факултет
  • Овластување Б за проектирање/надзор
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Напредно познавање на работа со компјутери, задолжително познавање на ACad програм, работа во Microsoft Word, Excel и Power Point
  • Возачка Дозвола – Б категорија

Потребни вештини, познавања и карактеристики:

  • Познавања од областа на архитектура и проектирање, значителни познавања во проектирање на детали
  • Искуство и познавање во проектирање на градби и објекти од различни типови и категории (административно-деловни објекти, индустриски објекти, колективно-станбени и индивидуално-семејни објекти)
  • Познавање и искуство во проектирање, контрола и синхронизација со други фази на проектирање (електрични инсталации, термотехника, водовод и канализација, патишта и сообраќај, ППЗ и БЗР)
  • Познавања и следење на светските трендови во архитектурата и оперативни контакти
  • Деловна коресподенција и ефективни комуникациски вештини, докажани вештини за работа во тим
  • Способност да се координираат повеќе проекти истовремено
  • Иницијативност, доверливост, способност за аналитичка работа, способност за решавање на конфликти, способност за работа под притисок

Заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат горе наведените услови потребно е да испратат резиме (CV) на е-маил адресата  [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 15.09.2021 година.

Само кандидатите кои ги исполнуваат потребните квалификации и услови ќе бидат повикани на интервју. 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »