Вработување според потребите и вештините на младите лица

  • Објавен на 8.2018
  • ЦМА Крик Скопје
  • Активен до 13.08.2018
  • Позиција: Останато
  • Локација: Скопје

Министерството за труд и социјална политика заедно со Агенцијата за вработување на Македонија и Националниот младински совет на Македонија започнува реализација на проектот Гаранција за млади.

Гаранција за млади е активна мерка за вработување на млади лица која активно се спроведува во државите од Европската Унија од 2012 година. Македонија ја имплементира оваа програма во пилот фаза која започнува во 2018 година.

Гаранцијата за млади им гарантира на младите лица дека во период од 4 месеци како тие ќе се пријават во Агенцијата за вработување во мерката Гаранција за млади, ќе им понуди некоја активна мерка за вработување или платена до едукација.

Кариерните советници од Агенцијата за вработување, врз основа на искуството на младите лица кои ќе се пријават, заедно со нив ќе ја изберат онаа мерка која е најсоодветна за нив. 

Повикот е отворен за млади лица кои не се вработени и го имаат завршено своето образование (Средно училиште или факултет) и се на возраст до 29 години кои доаѓаат од општините на територија на г. Скопје, општина Струмица и општина Гостивар.

Доколку сте заинтересирани за вклучување во Гаранцијата за млади испратете ваша кратка биографија на [најави се за да го видиш е-маилот] и теренските работници од вашата општина ќе ве контактираат. За дополнителни информации обратете се на [најави се за да го видиш е-маилот]

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »