Пракса за PHP програмер

  • Објавен на 4.2017
  • New Media Corp.
  • Активен до 03.05.2017
  • Позиција: Програмер/Информатичар
  • Локација: Скопје

Компанијата за развој на софтверски решенија Њу Медиа Корп објавува оглас за платена пракса за студенти запишани на смерови од ИТ областа. Праксата се однесува на позицијата PHP програмер и ќе се одвива во канцелариите на компанијата во строгиот центар на Скопје.

Потребни квалификации:

  • Студентот да е во завршна година на ИТ студии
  • Основно познавање на PHP програмскиот јазик
  • Основно познавање на HTML/CSS/Javascript
  • Минимум еден самостојно изработен PHP проект во текот на студиите (пожелно е кодот да е open source – достапен јавно на GitHub)
  • Познавање на Linux, Git, Larаvel Framework, Bootstrap ќе се смета за предност

Што нудиме?

  • Работа во пријатна и динамична атмосфера со професионален и амбициозен тим од млади луѓе
  • Постојано надоградување на знаењето преку платени курсеви и менторство
  • Можност за практикантот да го усовршува своето знаење преку работа на реални проекти

Времетраењето на праксата ќе изнесува 3 месеци, а зависно од покажаните резултати по завршувањето на истата практикантот ќе добие можност за постојано вработување.

Паричниот надоместок изнесува 100 ЕУР/месечно.
Вашето CV испратете го на следниот e-mail: [најави се за да го видиш е-маилот] со назнака: Пракса за PHP програмер.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »