ТИБРО ЛАБС лого

Деловен асистент

За компанијата: За време на нашето постоење, им помогнавме на голем број брендови да ја подобрат својата линија на фронтот во различни индустрии, од информатичката и технолошката индустрија до земјоделскиот и биолошкиот... повеќе за компанијата »
  • Објавен на 5.2021
  • ТИБРО ЛАБС
  • Активен до 26.05.2021
  • Позиција: Административен работник
  • Локација: Скопје
  • Веб: tibrolabs.com

За потребите на нашата компанија, ТИБРО ЛАБС ја огласува следната позиција:

ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ

ОПИС НА РАБОТНОТО МЕСТО:

  • Изведување на секретарска работа;
  • Комуницирање со клиентите и деловните партнери;
  • Управување и организација на канцелариско работење;
  • Организација, планирање, водење на состаноци и пишување на записници;,
  • Подготовка на извештаи со различна намена согласно потребите;
  • Останати работи по налог на претпоставените и друга административна работа.

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Завршено високо образование од областа на англиски јазик и книжевност ИЛИ завршено високо образование од друга област со соодветен сертификат за познавање на англиски јазик (FCE - First Certificate in English);
  • Одлично и активно познавање на англиски јазик;
  • Претходно работно искуство во областа на секретарска работа најмалку 1 година;
  • Претходно искуство на работа со проекти поддржувани од ЕУ или Светската банка ќе се смета за предност;
  • Употреба на соодветни информациони технологии.

ПРОФЕСИОНАЛНИ ЗНАЕЊА И СПОСОБНОСТИ:

  • Проактивност, организираност, систематичност и ориентираност кон оставарување резулати;
  • Одговорно следење на компаниските правила и процедури;
  • Професионалност, одговорност и лојалност;
  • Организациски и комуникациски способности.

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ:

*Договорот за вработување е на 6 месеци определено, со можност за да се продолжи.

Работното време е 40 работни часови неделни, односно 5 работни дена по 8 часа (08:00-16:00). Работењето се реализира исклучително со физичко присуство.

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови и се заинтересирани, своите професионални биографии можат да ги испратат на [најави се за да го видиш е-маилот] со ознака:  АПЛИКАЦИЈА ЗА ДЕЛОВЕН АСИСТЕНТ

Само кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените критериуми, ќе бидат контактирани.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »