Главен наставник (чка) / координатор (ка) (80-100%)

За компанијата: Здружението ЕДУСПЕЈС4СКУЛ Скопје (EduSpace4School) е непрофитна организација чија цел е унапредување на квалитетот на образованието преку комплет вонучилишни образовни активности за деца на возраст помеѓу... повеќе за компанијата »

(преземи го огласот како слика)

Здружението ЕДУСПЕЈС4СКУЛ Скопје (EduSpace4School) е непрофитна организација чија цел е унапредување на квалитетот на образованието преку комплет вонучилишни образовни активности за деца на возраст помеѓу 7 и 14 години и преку подобрување на училишната средина во државните основни училишта. EduSpace4School ќе ве вклучи во овој потфат преку:

  • создавање едукативни простори што ќе ги унапредат вештините на креативно и иновативно размислување, на соработка, на комуникација и на критичко размислување;
  • промовирање модерни образовни пристапи базирани врз истражување, врз проекти, врз искуства од секојдневниот живот и врз игра;
  • воведување MakerSpace (простор за создавање) во државни основни училишта во партнерство со EduSpace4School, и
  • поттикнување граѓанско учество меѓу учениците.

 

EduSpace4School нуди активности во рамки на државните училишта. На тој начин, преку создавање синергии нуди поддршка за учениците и наставниците во училиштето. Учениците ќе се здобијат со понуда на воншколски активности, додека EduSpace4School ќе го олесни пристапот до ИКТ алатки и технологија во училиштето, ќе ги унапреди условите за учење, ќе ги сподели сопствените креативни идеи и ќе им даде поддршка на учениците за општествено ангажирани акции во училиштето и надвор од него.

Програмата EduSpace4School се состои од простори што ќе им овозможат на учениците да учат, да создаваат, да истражуваат и да се ангажираат:

  • MakerSpace (простор за создавање) подразбира преобразување на однапред определена просторија во рамки на државното основно училиште за вонучилишни активности. Курсевите и активностите по роботика, по програмирање, по физика и по инженерство засновани врз Лего-едукација имаат за цел да ги подобрат вештините во СТЕМ дисциплините. Курсевите и активностите по изразување (театар и филм) и по уметност и занаетчиство ги зајакнуваат уметничките вештини и креативноста и ја подобруваат емоционалната интелигенција и личниот развој.
  • ExplorerSpace (простор за истражување) подразбира вонучилишни активности со надомест во форма на истражувачки екскурзии. Пред секоја екскурзија предвидена во петок попладне за група од 10 до 15 ученици, ќе биде поставен предизвик поврзан со истата. Учениците ќе истражуваат во врска со предизвикот преку посета на институција/приватна компанија/организација каде ќе дојдат до одговорот на поставеното прашање.
  • ChangerSpace (простор за промена) е план за поддршка на учениците во училиштата партнери на EduSpace4School за поттикнување и овозможување ученички иницијативи и општествени акции. ChangerSpace ќе понуди бесплатни основни курсеви за сите заинтересирани ученици за целиот циклус на проектно менаџирање. По што ќе следи вистински повик за ученички иницијативи. ChangerSpace би можел да ги охрабри учениците да волонтираат и да започнат, на пример училиштен весник, еколошки акции, акции од областа на граѓанското делување и на културата, итн.

Извршниот одбор на Здружението ЕДУСПЕЈС4СКУЛ Скопје бара главен наставник (чка) / координатор (ка) (80-100%) одговорен/а за спроведување на програмата и на нејзините три главни компоненти: MakerSpace, ExplorerSpace и ChangerSpace.

Одговорности и задачи:

  • Да држи часови по роботика и програмирање и по наука и инженерство со група од 10 до 12 деца на возраст од 7 до 14 години.
  • Да одржува деловна комуникација со родителите и да одговара на нивните барања.
  • Да подготвува и да води екскурзии во рамки на ExplorerSpace (еднаш до два пати месечно).
  • Да учествува во процесот на селекција на активностите од ChangerSpace и во процесот на спроведување на иницијативите на учениците.
  • Да обезбедува непречено водење на други активности на EduSpace4School, како на пример годишни настани.
  • Да ги координира сите активности помеѓу EduSpace4School и училиштето и ги адресира релевантните потреби и барања на наставниците и управата.
  • Да помага во маркетинг активностите на EduSpace4School и да биде одговорен за ажурирање на веб-страницата и социјалните медиуми.
  • Да врши административни задачи потребни за мало здружение на граѓани и да соработува со сметководствена компанија.
  • Да учествува на неделни состаноци со претседателот или извршниот одбор на EduSpace4School.
  • Заедно со извршниот одбор да регрутира/избира волонтери, дополнителни наставници (кога е потребно) и практиканти.

Почетокот на работниот однос е предвиден за 1ви август 2021 година. Просечната работна недела е 40 часа (100%), со присуство во партнерско училиште во Кисела Вода, Скопје, од 14:00 до 18:00 часот од понеделник до петок. Преостанатите часови се предвидени за работа од дома. Од кандидатот/ка се бара флексибилност при спроведување на работните обврски.

Барања и квалификации:

  • Искуство и одлични вештини во подучување деца на возраст од 7 до 14 години
  • Мотивираност и ентузијазам за работа со деца, волонтери, родители и наставници
  • Солидно познавање на современите форми на образование и развој на воннаставни активности
  • Основни познавања од областа на роботиката, кодирањето, науката и инженерството
  • Искуство од областа на работењето на граѓанските здруженија и управување со програмата
  • Способност да работи самостојно и да креира програма
  • Професионализам, сигурност, креативен дух и „позитивен“ пристап
  • Поседување на вештини во маркетинг на социјалните мрежи се смета за предност
  • Одлично познавање на македонскиот јазик. Познавање на англиски и албански јазик се смета за предност.

Ние нудиме:

  • Можност за создавање иновативна и креативна програма во образованието
  • Учество во патување за учење каде што идеите на кандидатот/ката прават разлика
  • Флексибилно работно време и позитивно работно опкружување

Ја охрабруваме тимската работа и споделувањето одговорности споделувањето работа и им даваме предност на квалификувани тандем апликации (50% -50%, 60% -40%, 70% -30%). Аплицирајте заеднички со личноста со која би сакале да работите заедно и да ги споделувате задачите!

Испратете ни ја вашата апликација со мотивационо писмо и CV на [најави се за да го видиш е-маилот] најдоцна до 10 јуни 2021 година.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »