Машински инженер во оперирање и одржување

За компанијата: Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да... повеќе за компанијата »

АСПЕКТУС ФАРМА ДОО ТИРЗ Бунарџик - Илинден е Фармацевтска Компанија која е ориентирана кон високо квалитетно производство на лекови  во Р. Македонија.

 

Машински инженер во оперирање и одржување

Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:

      

  • ВСС образование - Машински  факултет
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Напредно познавање на MS Office
  • Пожелно е минимум 2 години работно искуство на иста или слична позиција
  • Одговорност, тимска работа, комуникативност и флексибилност

 

Избраниот кандидат ќе  биде дел од тимот за електро-машинско оперирање и одржување на термотехничката инсталација и опрема (ХВАК Системот), системот за компримиран воздух и компресорското построение, чилерските построенија, котларата со главните чилерски пумпи, гасниот котел и гасниот пламеник, гасната подстаница, соларниот систем за топла вода, водоводниот и одводниот систем вклучително со пречистителните станици за отпадна вода и електричните виљушкари, а ќе биде поставен на работна задача Специјалист за машинско оперирање и одржување на термотехничката инсталација (ХВАК Системот) и  останата целокупна машинска инсталација и опрема (без машиската опрема во производство) и одговорен за третирање на сите видови на отпад преку примена на најдобрите методи за превентивно и предиктивно одржување, планирање и распоред на активности за редовно машинско оперирање и одржување, подготовка на извештаи, оптимизација на залихи на резервни делови, подготовка и имплементација на нови проекти. Ќе биде задолжен за планирање, координирање, изведба и контрола на активности за машинско одржување според меѓународните и најдобрите технички стандарди, следејќи ги регулативите за безбедност и здравје при работа и заштита на животната средина, како и GMP стандардот.

 

Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини,  способности и лични особини:

  • Организираност и ефикасност 
  • Способност за тимска работа
  • Работа со дадени рокови
  • Следење на интерните правила и процедури
  • Самоиницијативност и самокритичност

 

Дополнителни информации:

    Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот]

      Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 25.01.2021

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »