Новинари

  • Објавен пред една недела
  • ДМС Комуникација
  • Активен до 27.05.2022
  • Позиција: Новинар/Медиум
  • Локација: Скопје

Скопје Инфо е првиот и единствен градски информатор кој веќе десет години опстојува во македонскиот медиумски простор. За реализација на идните планови неопходно ни е проширување на нашиот тим и поради тоа објавуваме оглас за ангажирање новинари со полно или скратено работно време. 

Идеалниот кандидат за оваа позиција, потребно е да има високо образование  (или завршни години од студии) познавање и задолжително искуство во областа. Кандидатот треба да има добри комуникациски способности, да го познава македонскиот јазик и добро да се изразува.

Најважно од се: доколку ти се гледаш во овој оглас треба да имаш желба за работа, пишување, изразување и креативен развој.

Ако сметаш дека ги имаш горенаведените карактеристики и истовремено можеш да се пронајдеш во некоја од областите на нашата работа, твојата кратка биографија и мотивациското писмо испрати ги на  [најави се за да го видиш е-маилот]  (со назнака за оглас за новинари). 

Мотивациското писмо треба да биде кратко со клучните поенти за тоа како ти ќе придонесеш во нашата работа. 

Доколку процениме дека ти си човекот кој може да биде дел од нашиот тим, следи ангажирање во позитивен тим со добри услови за работа, мотивациска, конкуретна плата и можност за напредок и развој. 

Работното место предвидува ангажман за пишување новинарски текстови, анализи и интервјуа на теми поврзани со дневните случувања.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »