Junior/Middle Full Stack .NET Developer

За компанијата: MediaDotCom е ИТ компанија лоцирана во Република Македонија. Ние нудиме широк спектар на услуги: развој на веб, развој на апликации, развој на мобилни апликации, системска интеграција, дизајн и администрација... повеќе за компанијата »

Оглас за вработување на Junior/Middle Full Stack .NET Developer


МЕДИА ДОТ КОМ  e софтверска компанија основана во 2007 година, веќе докажана во областа развој на софтвер, со голем број клиенти распространети во повеќе од 15 земји ширум светот,  има потреба од зголемување на својот програмерски тим, објавува конкурс за вработување на програмери и IT Support кои ќе имаат можност да работат на интересни проекти базирани на нови технологии во одлични услови.
Како веб девелопер ќе имате можност да работите во одржувањето на постоечките и развојот на новите проекти во професионален тим кој ги следи новите технологии.

Потребни квалификации за Junior Full Stack .NET Developer

  • Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство,
  • Познавање на софтверски принципи (OOП, алгоритми, структура на податоци),
  • Познавање на ASP.NET (C#) / MVC,
  • Познавање на релациони бази на податоци MS SQL/MySQL,
  • Познавање на: HTML, Javascript, CSS, XML, JSON,
  • Добри аналитички и комуникациски вештини,
  • Познавање на англиски јазик,
  • Способност за работа во тим.

Вештини и искуствa кои ќе се сметаат како предност

  • Познавање на Jquery,JavaScript, Angular 2 +, HTML, CSS, Bootstrap,
  • Искуство во дизајн и имплементација на Веб апликации,
  • Искуство со Entity Framework, repository pattern, Dependency Injection,
  • Теоретско или практично познавање за тестирање на софвер (unit testing),
  • Желба за учење на нови технологии и примена на истите во развој на проекти.

Потребни квалификации за Middle Full Stack .NET Developer

  • Повеќе од 2 години работно искуство во областа на програмирањето и компјутерските науки,
  • Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство,
  • Познавање на основните софтверски принципи (OOП, алгоритми, структура на податоци),
  • Познавање на ASP.NET (C#) / MVC,
  • Познавање на релациони бази на податоци MS SQL/MySQL и нивно користење,
  • Познавање на: HTML, Javascript, CSS,XML,JSON,
  • Креирање на  REST APIs,
  • Искуство во интеграција со надворешни системи,
  • Добри аналитички и комуникациски вештини,
  • Познавање на англиски јазик,
  • Способност за работа во тим.

Вештини и искуствa кои ќе се сметаат како предност

  • Познавање на Jquery,JavaScript, Angular 2 +, HTML, CSS, Bootstrap,
  • Искуство во дизајн и имплементација на Веб апликации,
  • Искуство со Entity Framework, repository pattern, Dependency Injection,
  • Теоретско или практично познавање за тестирање на софвер (unit testing),
  • Желба за учење на нови технологии и примена на истите во развој на проекти.

Програмерите кои ќе станат дел од нашиот тим ќе ги имаат следниве задолженија:

  • Анализа и дизајн на софтверски решенија.
  • Развој на софтвер и пишување на техничка документација.
  • Тимско работење
  • Комуникација со клиенти 

Зошто би требало дa станете дел од нашиот тим  ?

  • Ќе работите во професионален тим, кој е насочен кон постојано усовршување и надоградба на вашите вештини
  • Ќе бидете дел од тим со кој ќе дизајнирате, имплементирате и испорачувате комплексни Веб апликации.
  • Постојано ќе учите и ќе бидете во тренд со најновите технологии,
  • Квалитетот и довербата кај нас се на прво место.

Ние нудиме:

  • Загарантирана висока почетна плата како и можност за брзо напредување,
  • Квалитетна и професионална работна средина,
  • Одлична работна атмосфера и брзо професионално надоградување.


Вашето кратко резиме (CV), испратете го на email адреса:  [најави се за да го видиш е-маилот]

Сите апликации ќе бидат разгледани и оние кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »