Компанија во Охрид за производство на електро, метални и пластични производи има потреба од Сметководител. Опис на работната позиција:
• Комплетно водење на сметководственото работење и контрола на истото,
• Контрола на книжење на финансиската и материјална документација,
• Изготвување на завршна годишна сметка и годишна сметка,
• Изработка на обрасци, кои се поднесуваат до надлежните институции (ДДВ пријава, ПДД-ГИ, НД и сл.)
• Изработка на плата и пресметка на сите дополнителни исплати од работен однос
• Благајничко и девизно работење
• Сложување аналитички картици со купувачи и добавувачи
• Буџетирање и контрола, водење на архива
• Комуникација, развивање и одржување односи со клиенти, банки и институции,
• Подготовка на финансиски извештаи, месечни, квартални и годишни деловни планови и поддршка на менаџментот согласно потребите,
Кандидатите покрај општите услови за вработување предвидени во Законот за работни односи потребно е да ги исполнуваат следните квалификации:
• Високо образование од областа на финансиите, сметководство и економски науки,
• Лиценца за овластен сметководител или сметководител,
• Одлично познавање на работа со компјутер, MS Office, интернет апликации
• Одлично познавање на Англиски јазик
• Познавање и активно следење на соодветната законска регулатива и меѓународни сметководствени стандарди,
• Искуство во сметководство за производство (ќе се смета за предност),
• Искуство со ERP платформи (ќе се смета за предност),
• Познавање на работа по ISO 9001 (ќе се смета за предност),
• Искуство со CRM, Social Media (ќе се смета за предност),
• Исполнителност, способност за запазување на рокови и остварување на резултати,
• Аналитичност, самоиницијативност, амбициозност и позитивен пристап.
Доколку ги исполнувате потребните квалификации за работната позиција, ве молиме да пратите CV до [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака "Работна позиција: СМЕТКОВОДИТЕЛ".
Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.