Машински инженер во Производство

За компанијата: Аспектус Фарма е иновативна и кооперативна компанија со висок интегритет, што и овозвожува високо квалитетно производство на лекови и воспоставување партнерства со глобалните фармацевтски компании за да... повеќе за компанијата »

АСПЕКТУС ФАРМА ДОО Скопје  е Фармацевтска Компанија која е ориентирана кон  високо квалитетно производство на лекови  во Р. Македонија

Машински инженер во Производство

Задолжително е пријавените кандидати да ги исполнуваат следните услови:

  • ВСС образование - Машински  факултет
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Напредно познавање на MS Office
  • Пожелно е минимум 2 години работно искуство на иста или слична позиција
  • Одговорност, тимска работа, комуникативност и флексибилност

Избраниот кандидат ќе  биде дел од тимот за одржување на процесната опрема, поставен на работна задача Специјалист за редовно Одржување на процесна опрема, преку примена на најдобрите методи за превентивно и предиктивно одржување, планирање и распоред на активности за редовно одржување, подготовка на извештаи, оптимизација на залихи на резервни делови, подготовка и имплементација на нови проекти. Ќе биде задолжен за планирање, координирање, изведба и контрола на активности за машинско одржување според меѓународните и најдобрите технички стандарди, следејќи ги регулативите за безбедност и здравје при работа и заштита на животната средина, како и GMP стандардот

Од кандидатите за бараната позиција се очекува да ги поседуваат следните вештини,  способности и лични особини:

  • Организираност и ефикасност 
  • Способност за тимска работа
  • Работа со дадени рокови
  • Следење на интерните правила и процедури
  • Самоиницијативност и самокритичност

Дополнителни информации:

Кандидатите кои ги исполнуваат горенаведените услови, своите биографии можат да ги испратат на е-маил: [најави се за да го видиш е-маилот] ,  моб за контакт: 071 284 733

Крајниот рок за аплицирање е најдоцна до: 16.04.2019

 

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »