"За бизниси и претприемачи во потрага по иновативни печатени и промотивни производи."
Лоцирана во Скопје - Македонија, Новатон е компанија специјализирана за посредување при ПЕЧАТЕЊЕ и изработка на ПРОМОТИВНИ производи, со јасна зацртана цел: да Ве спои со најдобриот, најбрзиот и најевтиниот производител за реализација на Вашите печатени и промотивни производи. Нашиот ангажман вклучува барање соодветни понуди, прецизирање и изработка на финален производ врз основа на дефинирани спецификации, количина, таргет цена и рок на испорака. Целокупниот процес на производство и самата испорака се под активен надзор на нашата компанија.
Користејќи услуги на добавувачи од цела Југо-Источна Европа, Новатон извезува 80% од печатените производи на пазарите во Австрија, Словенија, Франција, Холандија, Шведска, Финска, Данска, Норвешка и Англија.
Oбјавува оглас за вработување на:
МЕНАЏЕР ЗА ОПЕРАЦИИ
Потребни квалификации:
- Завршено релевантно средно или високо образование (Машински факултет – ИИМ ќе се смета за предност);
- Претходно работно искуство на иста или слична позиција во во маркетинг агенција или графичка индустрија, која вклучува следење, организирање и координирање на процесот од нарачка преку производство до испорака на печатени или промотивни материјали, ќе се смета за предност;
- Подготвеност за дневна координација, следливост и унапредување на оперативните активности;
- Одлично познавање и напредно работење со апликациите од MS Office пакетот;
- Одлично познавање на Англиски јазик (познавање на друг странски јазик, ќе се смета за предност);
- Одлични комуникациски, презентациски и аналитички способности;
- Способност за работа во динамично работно опкружување, кое вклучува и патувања локално и регионално ниво;
- Возачка дозвола Б категорија;
Одговорности и задачи:
- Секојдневна комуникација со клиенти и добавувачи, во насока на изработка на понуди за печатени или промотивни производи, базирани на барањата на клиентите и оптимизирани кон производствените капацитети /можностите на добавувачите;
- Координирање на активностите врзани за секоја одделна нарачка за печатени или промотивни производи: комуникација со клиенти, добавувачи, транспортни компании и координација за навремена испорака на производите за локални клиенти и клиенти во ЕУ;
- Обезбедување на високо ниво на квалитет на производите, односно повремено следење на производството за секој нарачан производ;
- Администрирање и евиденција на оперативна документација поврзана со производните процеси (работни налози, влезно/излезни фактури и декларации);
Бенефити:
- Сопствена канцеларија;
- Флексибилно работно време;
- Одлична можност за унапредување, личен и кариерен развој поради тоа што се работи со странски клиенти;
- Покрај редовна плата можност за исплата на бонуси зависно од годишната продажба и профит.
Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации потребно е да достават кратка биографија (CV), најдоцна до 10.04.2024 година на:
[најави се за да го видиш е-маилот]
www.novatonegroup.com
Новатон ДООЕЛ Скопје - Ул. Козара 68, локал 15/16 - 1000 Скопје
Слични огласи »