IT Systems Analyst/Аналитичар на ИТ системи

  • Објавен пред еден месец
  • Сокотаб ДООЕЛ Битола
  • Активен до 27.05.2019
  • Позиција: Програмер/информатичар/дизајнер
  • Локација: Битола

(преземи го огласот во Word)

Eminent international company Socotab DOOEL Bitola, part of the Socotab Group, leader on the world wide market for purchasing and processing of oriental tobacco, seeks highly motivated individuals who fit the description of the following job position:

 

IT Systems Analyst, 1 (one) incumbent

Reporting to the IT Manager

Functional reporting to Group IT Manager

 

Purpose: Gather business requirements, design, implement and maintain in-house information systems to support company’s business and users in line with SOCOTAB technical standards, procedures and management priorities.

 

Responsibilities:

  • Analyse requirements, design, and implement business applications and/or enhancements to provide quality software solutions to functional users.
  • Assist developers during systems coding (e.g. provide flowcharts, database design).
  • Ensure smooth running of production applications and systems.
  • Act as liaison between business users and developers.
  • Monitor and review working systems and applications to ensure all objectives are fulfilled.
  • Proactively propose functional or technical improvements to existing applications, to enhance functionality and/or facilitate or reduce maintenance and support efforts.
  • Customize and install purchased software packages, coordinate implementation of purchased software with the Technical Services group and user departments, as required.
  • Prepare and conduct system testing and user acceptance
  • Create and maintain proper technical and end user documentation and procedures on all business applications/systems. Provide end user training.
  • Implement corporate change management and change control procedures and guidelines.
  • Be capable of leading small IT projects. Supervise consultants participating in IT projects and collaborate with Group IT community.
  • Assist IT Technical Specialist to resolve technical / infrastructure hardware, software incidents, changes, configurations in order to improve efficiency and effectiveness of IT services.
  • Communicate and advise management on hardware and software matters.

 

Candidate’s Profile

Education and experience

  • Bachelor or Master (University) Degree in IT Systems or equivalent educational path
  • 3 years of relevant professional experience in similar position
  • Experience in SQL Server is an advantage
  • Sound knowledge and practical experience in the following areas:
    • Client/Server application development,
    • Relational databases (RDMS)
    • Object Oriented Analysis and Design
  • Practical experience in ERP system (SAP in particular) implementation would be considered as advantage
  • Microsoft certifications are desirable.
  • Experience and previous exposure to international business environments within a multinational company is also an advantage

 

Other skills and competencies

  • Knowledge of development platforms, languages (especially in .Net) and technologies
  • Android Studio knowledge is an advantage
  • Solid analytical and communications skills
  • Proven project management capability and proactive working approach
  • Team-working attitude and helpful approach
  • High level of responsibility and loyalty
  • Fluent English
  • Driver’s license B

 

Be a part of a world class brand.

Work in an environment free from prejudice, environment that guarantees youр and your rights’ full esteem.  

Send Your application (CV and Motivational letter) 27 May 2019 at the latest to the following address:

Socotab DOOEL Bitola

Human Resources Department

v. Dragozhani, 7000 Bitola

Subject: IT Systems Analyst

 

Or to the e-mail address  mk.hr@socotab.com

 

Your application need to have all necessary information for the required qualifications as well as supporting documentation (copies of documents verifying educational background, diplomas, licenses, reference documents, etc.). Only complete applications shall be taken in consideration.

 

Socotab DOOEL Bitola holds discretionary right to make the selection within the legally foreseen period of time. Only candidates who fulfill the conditions shall be further contacted. 

 

Сокотаб ДООЕЛ Битола, дел од Сокотаб групацијата, светски лидер на пазарот за откуп и преработка на ориентален тутун, бара високо мотивирани личности кои одговараат на описот за следната позиција:

 

Аналитичар на ИТ системи

1 (еден) извршител

Директно одговара на Менаџерот за Информатички Технологии

По функција одговара на Менаџерот за ИТ на ниво на Групација

 

Улога: Ги анализира барањата на бизнисот, креира, имплементира и ги одржува интерните информациски системи за поддршка на бизнисот на компанијата и нејзините корисници согласно техничките стандарди на Сокотаб, процедурите и приоритетите на Менаџментот.

 

Обврски:

  • Прави анализа на побарувања, креира, имплементира и одржува бизнис апликации и/или подобрувања за обезбедување на квалитетни софтверски решенија за крајните корисници.   
  • Му асистира на лицата вклучени во развој на системите/апликациите (пр. обезбедува блок-дијаграми, дизајн на база на податоци).
  • Обезбедува непречен тек на продукциските апликации и системи.
  • Делува како врска помеѓу крајните корисници и лицата инволвирани во развој на системите/апликациите
  • Ги следи и прегледува работните системи и апликации со цел да се обезбеди исполнување на сите цели.
  • Да биде проактивен со предлози за функционални и технички подобрувања на постоечките апликации, со цел да се зголеми функционалноста и/или да се олесни или намали потребата од одржување и поддршка.
  • Прилагодува и инсталира купени софтверски пакети, ја координира имплементацијата на откупениот софтвер со групата за техничка поддршка и корисниците по оддели, согласно барањата. 
  • Подготвува и спроведува тестирање на системите и прифаќање од страна на корисниците.
  • Креира и одржува соодветна техничка и документација за крајни корисници и процедури за сите бизнис апликации/системи. Обезбедува обука за крајните корисници.
  • Прави имплементација на организациските промени и промените во процедурите за контрола и упатствата.
  • Има способност за раководење со мали ИТ проекти. Врши надзор над консултантите кои се вклучени во ИТ проектите и да соработува со ИТ заедницата на ниво на Групација. 
  • Му помага на Техничкиот специјалист за ИТ при решавање на технички/ инфраструктурни хардверски, софтверски инциденти, промени, конфигурации со цел да се подобри ефикасноста и ефективноста од ИТ услугите.
  • Да комуницира и да го советува менаџментот за хардверски и софтверски прашања  

 

Профил

Образование и искуство

  • Завршени додипломски или пост дипломски студии по Информатички Технологии или слични едукативни насоки
  • 3 години релевантно работно искуство на слична позиција
  • Искуство во работа со SQL Server се смета за предност
  • Добро познавање и практично искуство во следните подрачја:
    • Развој на Клиент/Сервер апликации ,
    • Релациони бази на податоци (RDMS)
    • Објектно-ориентирано програмирање, дизајн и анализа
  • Практично искуство со имплементација на ERP системи (особено се однесува на SAP), ќе се смета за предност
  • Сертификати од Микрософт се пожелни.  
  • Искуство и претходна ангажираност во меѓународни бизнис средини во рамки на мултинационални компании исто така се смета за предност

 

Други вештини и способности кои кандидатот треба да ги поседува

  • Познавање на развојни платформи, јазици (особено во .Net) и технологии
  • Познавање на Android Studio се смета за предност
  • Добри аналитички и комуникациски вештини  
  • Докажани способности за проект менаџмент и проактивен пристап кон работата
  • Изграден однос за тимска работа и колегијалност
  • Високо ниво за одговорност и лојалност
  • Одлично познавање на говорен и пишан англиски јазик
  • Возачка дозвола Б категорија

 

Бидете дел од светски реномиран бренд

Работете во средина ослободена од предрасуди, за работодавач кој во целост ги почитува и гарантира вашите права.

Доставете ја Вашата апликација (CV и мотивациско писмо), најдоцна до 27 мај 2019г. на следната адреса:

Сокотаб ДООЕЛ Битола

Оддел за човечки ресурси

с. Драгожани, 7000 Битола

Со назнака: Аналитичар на ИТ системи

или на e-mail  адреса mk.hr@socotab.com

 

Вашата апликација мора да ги содржи сите неопходни информации за бараните квалификации како и пропратна документација (копии од документите за потврда на наведеното образование, дипломи, лиценци, референтни документи, итн). Само комплетни апликации ќе бидат земени во предвид.

 

Сокотаб ДООЕЛ Битола има дискреционо право да изврши избор на потенцијални успешни кандидати во законски предвидениот рок. Само кандидатите кои поседуваат соодветни квалификации ќе бидат понатаму контактирани.

КЛИКНИ