Продажба/Комерција

Компанија во Охрид за производство на електро, метални и пластични производи има потреба од:

 

Комерцијалист/Продажба

 

Опис на работната позиција:

  • Планирање и организирање на продажните активности, реализација на зададените планови,
  • Следење и унапредување на продажбата,
  • Одржување на соработката со постоечките и потенцијалните клиенти,
  • Стратешко планирање и развој на постоечки и нови брендови,
  • Следење и анализирање на тековните трендови и маркетинг активности,
  • Иницијативност и координативност при промовирање на брендовите,
  • Посета на клиенти и контрола на развојот на производите и нивната продажна динамика,
  • Координација на дистрибуција , маркетинг и комерцијални активности,
  • Креирање, планирање и реализација на кампањи на социјални мрежи и интернет страна,
  • Подготовка на извештаи, месечни, квартални и годишни деловни планови и поддршка на менаџментот согласно потребите,
  • Вршење административно-технички работи.

 

Кандидатите покрај општите услови за вработување предвидени во Законот за работни односи потребно е да ги исполнуваат следните квалификации:

  • Претходно искуство на иста или слична позиција ќе се смета за предност,
  • Искуство во развој и промовирање на брендови,
  • Преговарачки и комуникативни способности,
  • Одлично познавање на Англиски јазик,
  • Одлично познавање на работа со компјутер, MS Office, интернет апликации,
  • Искуство во развој на производи, стратешко планирање и имплементирање на продажбата на истите,
  • Одлични вештини на комуникација, пишана и вербална,
  • Ориентираност кон клиенти,
  • Искуство со ERP платформи (ќе се смета за предност),
  • Познавање на работа по ISO 9001 (ќе се смета за предност),
  • Искуство со CRM, Social Media, WordPress (ќе се смета за предност),
  • Исполнителност, способност за запазување на рокови и остварување на резултати,
  • Аналитичност, самоиницијативност, амбициозност и позитивен пристап,
  • Возачка дозвола "Б" категорија.

 

Доколку ги исполнувате потребните квалификации за работната позиција, ве молиме да пратите CV до [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака "Работна позиција: КОМЕРЦИЈАЛИСТ/ПРОДАЖБА".

 

Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »