Референт за ликвидација на штети

ХАЛК ОСИГУРУВАЊЕ АД Скопје е Друштво за неживотно осигурување кое се стреми кон брз развој и зголемено учество на пазарот на осигурување во Република Северна Македонија. На нашите вработени им нудиме динамична работа со можност за  професионален развој и надоградба како и одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим.

Во согласност со нашата цел и стратегија имаме потреба од мотивирани и талентирани кандидати за вработување на следната работна позиција:

                                                              Референт за ликвидација на штети

Потребни квалификации и карактеристики:

  • Универзитетска диплома,
  • Најмалку 5 години работно искуство во областа на надомест на штети поврзани со нематеријални штети, осигурување од несреќен случај (незгода), доброволно здравствено осигурување;
  • Одлични комуникациски вештини;
  • Усогласеност со законската и интерна регулатива и почитување на рокови;
  • Оринтираност кон критично размислување и решавање на проблеми

Работни обврски

  • Утврдува основ на барање за надомест на штета во согласност со законски прописи и интерни акти на друштвото,
  • Изготвува Спогодби за надомест на штета за класите за осигурвање за кој е одговорен;
  • Комуницира со оштетени лица и други трети страни во врска со обработка на предмети за надомест на штета;
  • Врши системска ликвидација на оштетни побарувања согласно лимити утврдени во интерни акти на друштвото;
  • Изготвува мислења, извештаи и друга документација поврзана со процесот на ликвидација на барања за надомест на штета;
  • Врши и други сродни работи.

Доколку сакате да станете дел од нашето Друштво, испратете ни ваше CV и мотивационо писмо на следната е-маил адреса: [email protected], со назнака “Оглас за вработување на Референт за ликвидација на штети”.

Со доставувањето на вашата апликација потврдувате дека прифаќате вашата апликација и лични податоци да бидат обработени и земени во предвид за идните потреби од нови вработувања на Друштвото. 

Нaпомена:  Само кандидатите што ќе влезат во потесниот круг ќе бидат повикани на интервју.