
Компанија која работи во областа на сервисирање, инсталација и одржување на разладна опрема (ладилници и разладни комори), распишува оглас за вработување на:
Сервисери за разладни уреди од сите локации во Македонија за работен ангажман со:
- Полно работно време
- Скратено работно време (договор на дело)
- Договор за надворешен соработник (со исплата по сработен налог и поминати километри)
Потребно образование, работно искуство, квалификации и вештини:
- Завршено средно образование, пожелно насочено стручно училиште
- Со или без работно искуство (обезбедена обука). Претходно работно искуство во областа на сервисирање на разладни уреди или други електронски апарати и апарати за домаќинство ќе се смета за предност;
- Флексибилност и ориентираност кон пронаоѓање на решенија;
- Способност за работа со временски рокови;
- Темелност, одговорност и посветеност;
- Возачка дозвола Б категорија, активен возач
Главни задачи и одговорности:
- Брзо и прецизно дијагностицирање и остранување на настанати дефекти;
- Точно и редовно следење на работните налози;
- Редовно известување до претпоставените за напредокот во работните активности и евентуалните пречки;
- Комуникација за временски рокови и статусот на сервисираните уреди
- Континуирано учење.
Услови за работа:
- Одлични услови за работа во средина со амбициозен и професионален тим;
- Континуирана обука
Доколку сте заинтересирани за работната позиција, испратете ја Вашата кратка биографија на e-mail [најави се за да го видиш е-маилот] , со назнака: “Оглас за сервисер”
Слични огласи »