Менаџер за продажба

  • Објавен на 2.2018
  • АПВ Анторис
  • Активен до 09.02.2018
  • Позиција: Економист/Сметководител/Ревизор
  • Локација: Скопје
  • Телефон: +38971223868

Агенцијата за вработување АНТОРИС за своите потреби објавува оглас за 1 (еден) извршител, за следното работно место:

 

Менаџер за продажба

 

Потребни квалификации:

  • Високо образование,
  • Минимум 2 години претходно работно искуство во продажба,
  • Активно користење на MS Office програмот,
  • Одлично познавање на англиски јазик,
  • Амбициозност, проактивен пристап кон работата, самостојност, одговорност.

 

Одговорности и задачи:

  • Презентација и директна продажба на услугите и производите на компанијата,
  • Спроведување на деловни состаноци со цел презентација и продажба на услугите и склучување на деловни договори- B2B  продажба,
  • Унапредување и одржување на деловната соработка со постоечките клиенти,
  • Следење на продажбата и превземање  на активности за зголемување на продажбата,
  • Формирање и проширување на тимови за продажба,
  • Истражување на пазарот, развој на стратегии и проактивни активности за подобрување на работењето на компанијата,
  • Анализирање на добиените информации од клиентите и предлагање на најсоодветна понуда за компанијата.
  • Работа на терен

 

Способности и професионални вештини:

  • Одлични комуникациски и преговарачки вештини,
  • Ориентираност кон клиенти,
  • Мотивирана и стабилна личност,
  • Динамични, самоиницијативни, креативни и насочени кон резултати,
  • Способни за работа под притисок и кратки рокови,
  • Способност за индивидуална и тимска работа,
  • Поседување возачка дозвола Б категорија - Активен возач.

 

Работната позиција е за територијата на Р. Македонија

Доколку ги исполнувате горенаведените услови, Ве молиме испртете го Вашето  CV на следната е-маил адреса: [најави се за да го видиш е-маилот]

Само кандидатите кои ги исполнуваат наведените услови ќе бидат повикани на интервју.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Слични огласи »

вести · настани · интервјуа · технологија · hr вести · забава · здравје · hr совети · блог
барај огласи за вработување »