Отворени позиции во Германија и Швајцарија – Доктори; Специјализанти; Специјалисти; Медицински техни

За компанијата: Предизвиците во областа на човечките ресурси не се само наша секојдневна работа, туку се и наша страст. Нашето знаење и експертиза ни дозволуваат да имаме уникатен пристап кон секоја задача. Нашите клиенти... повеќе за компанијата »

Опис на компанијата

За потребите на наши клиенти -Германски и Швајцарски здравствени установи,
Декра ги огласува следните работни позиции:

Опис на работното место

1.ДОКТОР СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ИНТЕРНА МЕДИЦИНА - НЕФРОЛОГ
(болници на повеќе локации во  Германија -  Аугсбург, Бухолц, Даун, Инголштат, Лудвигсхафен, Пирмазенс)


Опис на работно место:

  • Извршување на сите релевантни дијагностички и терапевтски постапки во нефрологијата
  • Давање на медицинска помош и работа со уредите за дијализа
  • Лекување на акутни и хронични бубрежни болести
  • Примена и следење на пропишаните хигиенски стандарди

Потребни квалификации, лични карактеристики  и способности:

  • Сертификат за познавање на Германски јазик (минимум ниво B2 )
  • Специјалист по интерна медицина - нефрологија
  • Клиничко искуство и знаење во лекување на бубрежни болести.
  • Способност за тимска работа

Нудиме:

  • Осигурување во најголемите Германски даватели на здравствени услуги
  • Пријатна професионална работна атмосфера
  • Мултидисциплинарна соработка со другите одели од интерна медицина
  • Плата во зависнот од локацијата
  • Плаќање според локацијата и можност за пораст на платата на годишно ниво

2. СПЕЦИЈАЛИЗАНТ 
(одел за анестезија и интензивна медицина во болницата во кантонот Шафхаузен во Швајцарија)

Потребни квалификации, лични карактеристики  и способности:

  • Клиничко искуство од минимум една година
  • Сертификат за познавање на Германски јазик (минимум ниво B2)
  • Способност за тимска работа
  • Максимална одговорност и посветеност во извршување на обврските

Нудиме

  • Работа со широк клинички спектар од анестезиологијата (ОП, прва помош, интензивна нега)
  • Aтрактивни работни услови
  • Работа во високо ангажиран и професионален тим
  • Одлична транспортна конекција до работното место

3.СПЕЦИЈАЛИЗАНТ 
(клиниката за неврорехабилитација во Базел, Швајцарија)

Потребни квалификации, лични карактеристики  и способности:

  • Сертификат за познавање на Германски јазик (минимум ниво B2 )
  • Способност за тимска работа
  • Максимална одговорност и посветеност во извршување на обврските
  • Интерес за проширување на знаењето од областа на неврологијата

Нудиме:

  • Интересна и разновидна работа во тимот на докторите ангажирани во областа на општа медицина, неврологија, ортопедија и урологија
  • Обука и образование во областа на рана рехабилитација
  • Запознавање со менаџирање со третманите за лекување и прогноза на невролошка рехабилитација
  • Увид во невролошката дијагноза и стандардните методи за тестирање (ЕЕГ, ЕМГ, NLG)
  • Едукација од областа на повреди на 'рбетниот мозок

 4. СПЕЦИЈАЛИЗАНТ
(амбуланта во градот Арау во рамки на психијатриска клиника во кантонот Аргау, Швајцарија)

Опис на работно место:

  • Независна психијатриска дијагноза и лекување на пациенти од областа на психијатрија на возрасни со помош на надредениот специјалист
  • Соработка со интердисциплинарниот тим
  • Поврзување со екстерни организации и амбуланти како и со колеги внатре во организацијата
  • Советување
  • Составување на медицински извештаи под водство на специјализирани постари доктори

Потребни квалификации, лични карактеристики  и способности:

  • Диплома од Медицински факултет призната од страна на MEBEKO
    (Die Medizinalberufekommission)
  • Сертификат за познавање на Германски јазик (минимум ниво B2 )
  • Минимум 2 годишно искуство во клиничка психијатрија
  • Интерес за психијатрија и психотерапија
  • Комуникативност и способност за тимска работа

Нудиме:

  • Различни интерни можности за усовршување (Evidence Based Medicine, редовни конференции и слично)
  • Професионално насочување и можност за интерна ротација
  • Флексибилно работно време

5.СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ДЕТСКА И АДОЛЕСЦЕНТНА ПСИХИЈАТРИЈА
(Оддел за педијатрија, болница во кантонот Цирих)

Опис на работно место:

  • Управување со стационарните оддели (моментално 6 третман станици, со план за проширување)
  • Надзор од психолог и остатокот од здравствениот тим
  • Водење извештаи на лекарскиот тим
  • Спроведување на индивидуални и семејни терапии, по можност и спроведување на третмани надвор од болницата
  • Водење на консултации во областа на детската и адолесцентната психијатрија
  • Активно поврзување со докторите, терапевтите и други партнерски организации

Потребни квалификации, лични карактеристики  и способности:

  • Диплома од Медицински факултет, призната од страна на MEBEKO
    (Die Medizinalberufekommission)
  • Завршена специјализација на детска и адолсецентна психијатрија
  • Сертификат за познавање на Германски јазик (минимум ниво C2)

Нудиме:

  • Возбудлива, независна и разновидна работа со мотивиран тим
  • Можности за напредување
  • Атрактивна годишна плата

6.СПЕЦИЈАЛИЗАНТ
(Центар за урологија и неурорехабилитација, болница во Луцерн, Швјацарија)

Опис на работно место:

  • Терапија на пациенти со невролошки пореметувања во болницата (вклучително и Stoke Unit)
  • Терапија на пациенти со невролошки пореметувања надвор од болницата
  • Учество и соработка во работата во брза помош
  • Учество во тренинзи

Потребни квалификации, лични карактеристики  и способности:

  • Минимум 1 година клиничко искуство
  • Сертификат за познавање на Германски јазик (минимум ниво B2)
  • Висок степен на лојалност
  • Подготвеност и желба за тимска работа

Нудиме:

  • Kвалитетен вовед и комплетна специјалистичка обука во областа на неврологијата
  • Mожност за специјализација во областа на клиничка неврофизиологија (ЕЕГ, ЕМГ, Doppler)
  • Интердисциплинарна околина во Универзитетската болница
  • Работа на научни проекти и можност за дизертација

7. МЕДИЦИНСКИ ТЕХНИЧАР/ИНСТРУМЕНТАР
(Клиника за кардиологија во Берлин, Германија)


Опис на работно место:

  • Самостојна припрема и работа со уреди
  • Самостојно користење на хируршките инструменти, материјали и опрема
  • Водење на документација за пациентите
  • Одговорност за квалитетот на негата на пациентите во согласнот со законските прописи, упатства и насоки

Потребни квалификации, лични карактеристики  и способности:

  • Сертификат за познавање на Германски јазик (минимум ниво B2)
  • Завршено минимум ССС - Медицински техничар
  • Подготвеност за самостојна и независна работа, но и за работа во тим
  • Флексибилност, лојалност и комуникативност

Нудиме:

  • Самостојна работа во професионален тим и активно учество во операциона сала
  • Операционен оддел со најнова технологија
  • Учество во интерни и надворешни обуки
  • Плаќање според колективниот договор со клиниката

8. СПЕЦИЈАЛИСТ - ИНТЕРНА, ИТНА МЕДИЦИНА
(Водечка приватна болничка групација, со сопствени 16 клиники и повеќе од 50 интергирани институти за својот оддел за општа интерна и итна медицина во Цирих, Швајцарија)


Опис на работно место:

  • Тријажа, прогноза и лекување на пациентите во интердисплинираниот оддел на итна медицина
  • Интернистичка нега на пациенти
  • Соработка со докторите од сите оддели

Потребни квалификации, лични карактеристики  и способности:

  • Специјалист по интерна медицина, општа медицина со клиничко искуство во лекување
  • Сертификат за познавање на Германски јазик (минимум ниво C1)
  • Висока ангажираност и лојалност
  • Подготвеност за работа во тим

Нудиме:

  • Работно место на атрактивна локација во Цирих
  • Индивидуални воведувања во работата и структурирана обука
  • Пријатна работна атмосфера и други поволности
  • Плата според работната ангажираност  и искуство

 

Дополнителни информации

Сите трошоците околу одржување на интервјуата надвор од Македонија ги покрива агенцијата.

За сите дополнителни информации околу условите за работа кандидатите можат да се јават на телефонскиот број 070/ 261 162.

Сите заинтересирани можат да аплицираат со испраќање на своите биографии на е-маил [најави се за да го видиш е-маилот] со задолжителна назнака за позицијата за која аплицираат.

Дискрецијата на сите кандидати е загарантирана и пристигнатите апликации ќе се третираат со максимална доверливост.

Сакаш да те препорачаме кај компаниите?

барај огласи за вработување » барај останати огласи »