Промовирани огласи »

ЈСП ги потсетува граѓаните дека одредени категории лица имаат право на бесплатно користење на Жичарницата.

Право на превоз без надомест, секој работен ден на Жичарницата, имаат возрасните лица (жени над 62 год, мажи над 64 год) со приложување на лична карта или пасош, деца без родители и родителска грижа до 18 год, како и деца до 6 години.

Освен посочените категории лица, право на бесплатен превоз по еден ден во неделата е дозволен за средношколците, учениците во задолжително средно образование и тоа во среда, а неопходно е да се легитимираат со ученичка книшка.

И студентите имаат право на бесплатен превоз, во четврток, со приложување на индекс или студентска легитимација.

На децата без родители над 18 год, им следува 50 отсто попуст на редовната цена на билетот.

Жичарницата работи секој ден освен понеделник и секој последен вторник во месецот, од 10 до 20 часот.

Во период од 19-19.30 часот е последно возење од долу кон врвот, односно во 19.45 часот е последно возење од врвот надолу.

Промовирани огласи »

Државата ќе спречи големо поскапување на струјата. 

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски информира дека државата нема да дозволи големо зголемување на цената на електричната енергија.  Кажа дека постојат механизми со кои ќе се спречи струјата да поскапи за 30 или повеќе проценти.

Ќе имаме тешка грејна сезона, далеку потешка од колку што беше минатата година. Минатата имаше и природен гас, имаше и електрична енергија, зборувам за пазарот на Европа, но цените беа многу високи. Сега цените се дури и повисоки од лани и возможно е да има проблеми со снабдувањето на природниот гас, изјавил Бислимовски за емисијата „Економски магазин“ на Тв Алсат.

Бислимовски изрази жалење што поскапувањето на струјата е неизбежно. Од Левица реагираа дека новото поскапување на струјата во јули ќе ја колабира државата. Пред неколку месеци струјата поскапе за 9.48 отсто. 

Промовирани огласи »

Германија ги олеснува ограничувањата за влез. 

Властите нема да бараат потврда за вакцинација, минато боледување или негативен тест. Министерство за здравство има намера од 1 јуни да ги олесни правилата за влез во државата воведени поради коронавирусот.  Одлука за мерката ќе има денеска. Бројот на заразени со коронавирус во Германија се намалува. Институтот Роберт Кох во вторникот објави 64.437 нови случаи, што е за 21.815 помалку од пред една седмица. Повеќето земји ги олеснија или укинаа ковид мерките. 

Промовирани огласи »

Почна исплатата на домаќинствата на ваучерите од 600 до 800 денари за сметки за струја. Листата на домаќинсвата на кои ќе им бидат покриени дел од трошоците за потрошената струја уште не е во целост финализирана.

Околу 6.500 домаќинства поднеле апликација за финансиска поддршка со која се намалува месечната сметка за потрошена електрична енергија. Досега близу 2700 домаќинства ги исполниле условите, а за другите апликации се прават проверки од страна на надлежните институции.

Парите кои се одвоени за помош не легнуваат на сметките на граѓаните туку директно се пребиваат од доспеаната сметка за стуја. Финалните листи со сите домаќинства кои се стекнале со ова право наскоро ќе биде објавена од веб страницата на Министерство за економија. Покрај ова, најавите се дека и со прекроената државна каса и годинава ќе се одвојат ваучери за годишен одмор од 12 илјади денари за граѓаните со ниски примања.Јавниот повик за оваа мерка се очекува да биде објавен во втората половина од годинава.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »