Зголемувањето на платите на универзитетските професори веќе е планирано во Буџетот за од септември и тоа и во оригиналниот, а стои и во ребалансот на Буџетот, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски по одбележувањето на 65-та годишнина од пуштање во употреба на хидросистемот „Вруток“.
Одговарајќи на новинарско прашање Ковачевски рече дека го видел писмото кое го имаат пратено од универзитетските професори и додаде дека контактираат бидејќи и тој е универзитетски професор.
Точно е дека во целиот образовен сектор треба да се покачат платите и ако го погледнете буџетот тој од година во година се зголемува во однос на платите во високото образование, меѓутоа и инвестициите кои се прават и средствата кои се определуваат за образование и наука, рече Ковачевски.
Премиерот Ковачевски посочи дека треба да бидеме свесни дека имаме повеќе државни универзитети во земјава и сите да бидиме свесни дека се наоѓаме во време на голема економска криза.
Верувам дека со професорите, со универзитетските професори ќе се изнајде решение бидејќи веќе во буџетот има планирно средства за зголемување на платите, додаде Ковачевски.
На одбележувањето на 65-та годишнина од пуштање во употреба на хидросистемот „Вруток“ покрај премиерот Ковачевски присуствуваа министрите за економија Крешник Бектеши, за транспорт и врски Благој Бочварски и за локална самоуправа Горан Милевски и заменик-министерот за одбрана Башким Хасани.