Промовирани огласи »

Изминатиот викенд, на брегот на Охридското езеро, се одржа настан на ИТД МК и Dell Technology, со што воедно го прослави и своето 15-годишно постоење со носечкиот бренд на компанијата DELL.

Вo прекрасна атмосфера, расположение и добра забава, многубројните соработници, партнери и колеги ја потврдија својата лојалност, доверба и посветеност во изминатите години.

Споделија новини кон кои се стремат, планови за периодот којшто следи и поддршка за надминување на предизвиците пред кои се исправени.

Фокусирани на иновации и технологија, претставниците од DELL Technology, ги охрабрија своите партнери за нови пофати од областа на ИТ можностите.

Биљана Шеновска, генерален менаџер на ИТД Дистрибуција, компанија членка на Инфософт групацијата, по овој повод ја најави и новата кампања “5-ка за DELL”, а се однесува на продолжена гаранција од уште две години на G и Vostro сериите, како најбарани од портфолиото на DELL.

Промовирани огласи »

Со  оглед дека вечерва на полноќ истекува времетраењето на  намалената акциза и данокот на додадена вредност за соодветните нафтени деривати (Одлуката за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата и  Одлуката за определување на видот на добрата и временскиот период на примена на повластена даночна стапка) Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република  Македонија донесе Одлука со која изврши усогласување со законските прописи кои ќе бидат на сила од полноќ со што малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 7,96%.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 9,00 ден/лит, додека на безоловниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемува за 9,50 ден/лит.

 Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 9,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 8,50 ден/лит.

 Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС останува иста.

Од 1.6.2022 година од 00:01 часот максималните цени на  нафтените деривати ќе изнесуваат:

  • Моторен бензин    ЕУРОСУПЕР БС – 95     104,00  (денари/литар)
  • Моторен бензин     ЕУРОСУПЕР БС – 98     106,50  (денари/литар)
  • Дизел гориво    ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)    95,00  (денари/литар)
  • Масло за горење     Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)   93,00   (денари/литар)
  • Мазут М-1 НС    54,640 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар, како и курсот на денарот во однос на доларот, во денешната пресметка (31.05.2022) се исти со претходната  пресметка од 30.05.2022, односно во денешната пресметка извршена е промена само на акцизите и данокот на додадена вредност,  дефинирани со прописите за акцизи и данокот на додадена вредност.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 1.5.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од Регулаторна.

Промовирани огласи »

Државната МЕПСО денеска ја достави пресметката на трошоците до Регулаторната комисија и побара зголемување на цената на струјата за 68 отсто.

Претходно истото го сторија и ЕВН ХОУМ, Електродистрибуција и МЕМО и со ова сите енергетски компании ги доставија пресметките на трошоците до Комисијата.

Заедничко за сите е што пријавија загуби и бараат зголемување на цената на струјата но во различна висина но засега не е познато колку бараат останатите компании.

Од МЕПСО информираат дека барањето за 68 отстотно зголемување на цената се должи на зголемените трошоци за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во преносната мрежа, кои се купуваат од слободниот пазар.

ПРИЧИНИТЕ ЗА ВАКВОТО БАРАЊЕ СЕ ПОВЕЌЕСЛОЈНИ И НЕ СЕ ДОЛЖАТ НА ВЛОШЕНИ РЕЗУЛТАТИ ВО РАБОТЕЊЕТО НА КОМПАНИЈАТА, ТУКУ НА ОБЈЕКТИВНИ ПРИЧИНИ ВРЗ КОИ АД МЕПСО НЕМА НИКАКВО ВЛИЈАНИЕ, НАВЕДУВААТ ОД МЕПСО.

Сега останува на регулаторите да пресечат кои од пријавените трошоци ќе ги прифатат и признаат и колкаво ќе биде зголемувањето на цената на струјата. Претседателот на Регулаторна, Марко Бислимовски, соопшти дека е извесно поскапувањето да биде над 10 отсто а тоа го припиша на Општините кои наместо од слободниот пазар се снабдуваат со струја директно од ЕВН Хоум и за само неколку месеци потрошиле енергија вредна 30 милиони евра.

Покрај цената на струјата во регулаторна се подготвуваат блок тарифите, кои ќе бидат три или четири, во зависност од количината на струја кое домаќинството ја потрошило и од кои исто така ќе зависи цената на струјата.

Новата цена треба да биде донесена во јуни, а да важи од први јули.

Промовирани огласи »

Во врска со текстот на Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи во делот на одредбите кои се однесуваат на регулирање на правото недела – неработен ден и реално преставуваат намалување на правата на работниците, Сојузот на синдикатите на Македонија(ССМ) смета дека недопустиво и несериозно е измените во овој фундаментален закон за работно- правните односи во државата во кои се дадени основните постулати и принципи на социјалниот дијалог, да се носат без учество на социјалните партнери и ЕСС.

Велат дека на овој начин се врши кршење на законските одредби и подривање на принципите за градење на националните стратегии и политики во сите области, а најзначајно во областа на работно – правните односи по пат на социјален дијалог со активно учество на социјалните партнери.

Поради тоа ССМ како најброен и репрезентативен синдикат бара предложените измени и дополнувања на ЗРО да се повлечат од собраниска процедура, затоа што не е спроведена постапка на анализа и целосен увид на резултатите од досегашната примена на одредбите од законот за недела неработен ден за да можат да се видат ефектите од примената на овие одредби, па дури потоа да се преземаат активности за подобрување на законскиот текст, но не во правец на намалување на правата на работниците. Едностраното, необјективно и тенденциозно додавање на дејности во исклучоците во кои работниот процес е од таква природа што не може да се прекине и поради тоа за овие работници ден на неделен одмор може да биде друг ден, го разнишува концептот и причините поради кои се воведоа законските измени за недела – неработен ден, а тоа беше најголемиот број на работници да го користат денот недела за обнова на својата работна сила, грижа за семејството, културните, образовните, спортските и сите други реални животни потреби кои ќе обезбедат достоинствен живот за работникот и неговото семејство, а со тоа ќе се постигне поголема продуктивност, мотивираност и успешност во обавувањето на работните задачи што ќе резултира со зголемено производство и продуктивност во работењето, велат од ССМ. 

ССМ бара Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за работните односи во делот на одредбите кои се однесуваат на регулирање на правото недела – неработен ден, да се повлече од собраниска процедура и да не се расправа, ниту пак да се гласа по истиот затоа што во донесувањето на законските измени исклучени се од учество работниците и синдикатите, како и поради тоа што овие измени преставуваат намалување на правата на работниците.

Велат дека го следат однесувањето на сите пратеници и партии, и нивната поддршка сега ќе биде основа за  поддршка кон нив во иднина.
фото ССМ Фејсбук

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »