Промовирани огласи »

Министерството за внатрешни работи објави оглас за вработување на 600 полицајци.

Во Секторот за внатрешни работи Скопје се бараат 100 полицајци, Струмица, Охрид, Битола, Велес и Куманово по 40, додека, во Сектор за внатрешни работи Тетово – 60, а во Штип 70. По 40 полицајци се бараат и во Регионалните центри за гранични работи Запад, Југ и Исток, додека, во Регионалниот центар за гранични работи Север се бараат 50 полицајци.

1. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови:

  • да е државјанин на Република Северна Македонија;
  • да е полнолетен, а да не наполнил 25 години живот ако за првпат заснова работен однос на работно место во Министерството за кое е предвидено средно образование;
  • активно да го користи македонскиот јазик и неговото кирилско писмо;
  • со безбедносна проверка да е утврдено дека не постои безбедносен ризик од     вработување на кандидатот;
  • да има завршено најмалку четиригодишно средно образование;
  • да е здравствено и психофизички способен;
  • со правосилна пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност  или должност;
  • да не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија и
  • да има положено тест за интегритет.

2. Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови:

  • потребна телесна висина од најмалку 175 см. (маж), односно 165 см. (жена)
  • висока лична физичка подготвеност.

3. Заинтересираните кандидати задолжително да достават докази за исполнување на потребните услови за работното место, во оригинал или копија заверена на нотар и тоа:

  • извод од матична книга на родените,
  • диплома за завршено четиригодишно средно образование и
  • две фотографии, со димензии 3,5 см х 4,5 см.

Кон пријавата, кандидатот задолжително доставува своерачно потпишана изјава со која потврдува дека истиот не е член на политичка партија или член на органи и тела на политичка партија.

Пријавата со потребната документација, кандидатот е должен да ја поднесе ЛИЧНО во едно од определените места за пријавување, и тоа:

Сектор за внатрешни работи Скопје:

  • Полициска станица од општа надлежност-Гази Баба,
  • Полициска станица од општа надлежност-Бит Пазар и
  • Полициска станица од општа надлежност-Карпош.
  • Сектор за внатрешни работи Битола;
  • Сектор за внатрешни работи Велес;
  • Сектор за внатрешни работи Куманово;
  • Сектор за внатрешни работи Тетово;
  • Сектор за внатрешни работи Охрид;
  • Сектор за внатрешни работи Струмица,
  • Сектор за внатрешни работи Штип.

При поднесување на пријавата кандидатот го наведува бројот на организациската единица за работно место за кое се пријавува согласно точка I од огласот.

Кандидатот е должен при поднесување на потребните документи, со себе да носи лична карта или пасош за идентификација.

Потребната документација од точка 3, кандидатите ја доставуваат секој работен ден во определениот рок, во текот на работното време (08,00-16,00 часот).

4. При поднесување на пријава кандидатот потпишува изјава за доброволно пристапување кон селекција за избор на кандидат за полицаец со неможност за барање на отштета од Министерството во случај на повреда за време на спроведување на селекцијата.

5. Постапката за селекција на кандидатите ја спроведува Комисија за избор на кандидат за полицаец формирана од страна на министерот која го определува редоследот на фазите за селекција. Селекцијата се спроведува во следните фази:

  • Административна селекција на поднесената документација (утврдување на навременост и потполност на поднесената документација, како и исполнетост на пропишаните услови);
  • Проверка на моторички способности (за мажи: најмалку 9 „склекови“ во интервал од 10 секунди, најмалку 16 „стомачни подигања“ во интервал од 30 секунди, „скок во далечина од место“ со минимална должина на скокот од 220см, „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,35 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 15 секунди и „трчање на 1500 метри“ за најмалку 5,25 минути  и за жени: најмалку 6 „склекови“ во интервал од 10 секунди, најмалку 12 „стомачни подигања“ во интервал од 30 секунди, „скок во далечина од место“ со минимална должина на скокот од 160см, „спринт на 20 метри“ за најмалку 3,50 секунди, „спринт на 100 метри“ за најмалку 18 секунди и „трчање на 800 метри“ за најмалку 3 минути, и други физички проверки определени од страна на Комисијата),
  • Психолошко тестирање (тест за интегритет и психолошки тест)
  • Писмено тестирање (општо – образовен тест),
  • Интервју (поединечен устен разговор со пријавеното лице),
  • Безбедносна проверка и
  • Здравствени прегледи (проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите).

6. За пријавените кандидати се врши безбедносна проверка врз основа на нивна претходна писмена согласност. Доколку лицето ја одбива безбедносната проверка, се смета дека не ги исполнува условите за засновање на работен однос во Министерството.

7. Здравствените прегледи во постапката за селекција за проверка на здравствените и психофизичките способности на кандидатите се утврдуваат од страна на Здравствена комисија формирана од министерот за внатрешни работи.

8. При спроведување на селекцијата на пријавените кандидати им се овозможува под еднакви услови да ги демонстрираат своите способности, независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, верско уверување, имотна и општествена положба.

9. По спроведената постапка за селекција, избраните кандидати за полицаец склучуваат договор за основна обука за полицаец во времетраење од 1 (една) година, која ќе се спроведе во Центарот за обука во Министерството за внатрешни работи и на истата се упатуваат за 10% поголем број кандидати за полицаец од бројот на слободни места за кои е распишан овој оглас, односно во Центарот за обука ќе бидат упатени вкупно 660 кандидати.

10. По завршување на основната обука Министерството за внатрешни работи и кандидатот за полицаец, кој ја завршил основната обука за полицаец и кој врз основа на постигнатите резултати соодветно е внесен во ранг листата склучува Договор за вработување во Министерството, со кој кандидатот за полицаец се стекнува со статус „полицаец – приправник”.

Со договорот за вработување се уредуваат меѓусебните права и обврски и се утврдува дека полицаецот е должен да остане на работа во Министерството најмалку пет години сметано од денот на склучувањето на договорот за вработување. Во спротивно, истиот е должен да ги надомести трошоците направени за неговата обука зголемени за три пати.

11. Рокот за доставување на пријавите изнесува 15 (петнаесет) дена, сметано од наредниот ден од денот на објавување на јавниот  оглас (не сметајќи го денот на самото објавување).

12.Ненавремената и непотполната документација нема да се разгледува. 

Промовирани огласи »

Професор му дал балон на секој ученик, кој требало да го надува, да си го напише името и да го фрли во ходникот.

Професорот потоа ги измешал сите балони. Потоа на учениците им биле дадени 5 минути да си го најдат својот балон. И покрај бурната потрага, никој не го пронашол својот балон.

Во тој момент, професорот им рекол на студентите да го земат првиот балон што е до нив и да му го предадат на лицето чие име било напишано на него. Во рок од 5 минути, секој го имал својот балон.

Професорот тогаш им рекол на студентите: „Овие балони се како среќа. Никогаш нема да ја најдеме ако секој си ја бараме својата. Но, ако се грижиме за туѓата среќа, ќе ја најдеме и нашата“.

Промовирани огласи »

Според информациите од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021, објавен од Државниот завод за статистика, од вкупно 839 174 станови, 531 987 станови или 63,4 проценти се населени, а 307 187 станови или 36,6 проценти се ненаселени. Вкупната корисна површина на населените станови 55 212 163 м2, додека на ненаселените е 27 850 636 метри квадратни. Во просек населените станови имаат по 103 метри квадратни, додека ненаселените во просек се по 90 метри квадратни.

Во Југозападниот регион има најмногу празни станови, каде од вкупно 51 348 станови над половината се празни. Најмалку празни станови има во Скопскиот регион, каде од 243 252 станови, 29 проценти се празни или 70 094.

Од скопските општини најмногу празни станови има Центар – 10 865 или над 40 проценти од вкупниот број, а најмалку празни станови има Чаир – 22,5 проценти од вкупно 17 771 стан. Интересно е дека за 20 години во Центар бројот на станови е зголемен за над 30 проценти, додека во Чаир за само 3,62 проценти.

Промовирани огласи »

Прилепските угостители се соочуваат со недостиг од персонал и до 40 отсто и истакнуваат дека моментално ова е најголемиот проблем за нив. Бараат законски измени за да може да ги вклучат и средношколците во ангажирањето на работна сила.

Според Јорданчо Момироски, претседател на здружението за угостителство и туризам „Меанџии“ од Прилеп, разговарано е со Стопанската комора и со претставници од Агенцијата за вработување.

Има недостиг од келнери, готвачи, помошен персонал. Имаме голем проблем во сите сфери во угостителството. Моментално работиме со помалку персонал, кој колку може, па и самите сопственици работат. Но, со недостиг од персонал се скратува и понудата во менијата. Бараме и законски регулативи и средношколци да може да работат, да ги вклучиме, бидејќи тие сѐ уште не може да работат во странство. За вклучување на средношколците разговаравме и со Стопанската комора и со претставници на Агенцијата за вработување. Има некои законски рамки за да бидат приправници за да може регуларно да ги вклопиме во системот на работа. Само има проблем што од секое средно училиште не може да се ангажира од која било насока. Се надеваме дека за брзо ќе се реши. Моментално може да се вработуваат 18-годишници, матуранти. Тоа е единствениот излез засега да се покрие недостигот од персонал – вели Момироски.

Годинава, главен тренд на сезонско работење во хотелиерството е во Хрватска. Ирена Петреска, регионален менаџер во агенција за посредување за работа во странство вели дека 5.000 до 7.000 Македонци ова лето ќе го поминат во сезонска работа во хрватското хотелиерство. Одат и за заработувачка и да престојуваат во атрактивни туристички места.

Но, има уште поголем проблем.

Македонците имаат тренд на групни миграции, така што, по завршувањето на кризниот период со короната, како дестинација најмногу се јавува Хрватска. Проблемот не е тоа што ќе поминат сезонско вработување, проблемот е карактерот на вработувањето. Тие ќе работат сезонски, без можност за постојано или долгорочно вработување, но, од друга страна, ќе се вратат во Македонија и повторно ќе бидат невработени лица, сѐ додека не се смени нешто во системот и во начинот на работењето во угостителството – вели Петреска.

Во Прилеп има 80 угостителски субјекти со околу 700 вработени. Јорданчо Момироски смета дека угостителите прават напори да дадат поголема плата.

Моментно на персоналот му е зголемена основната плата, а земаат и добри дневници. Угостителите, во рамките на своите можности го даваат максимумот на секој начин за да се задржи персоналот. Се одразува и светската криза. Прво на удар е угостителството – вели преседателот на прилепското здружение за угостителство и туризам „Меанџии“.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »