Промовирани огласи »

Професор му дал балон на секој ученик, кој требало да го надува, да си го напише името и да го фрли во ходникот.

Професорот потоа ги измешал сите балони. Потоа на учениците им биле дадени 5 минути да си го најдат својот балон. И покрај бурната потрага, никој не го пронашол својот балон.

Во тој момент, професорот им рекол на студентите да го земат првиот балон што е до нив и да му го предадат на лицето чие име било напишано на него. Во рок од 5 минути, секој го имал својот балон.

Професорот тогаш им рекол на студентите: „Овие балони се како среќа. Никогаш нема да ја најдеме ако секој си ја бараме својата. Но, ако се грижиме за туѓата среќа, ќе ја најдеме и нашата“.

Промовирани огласи »

Според информациите од Пописот на населението, домаќинствата и становите, 2021, објавен од Државниот завод за статистика, од вкупно 839 174 станови, 531 987 станови или 63,4 проценти се населени, а 307 187 станови или 36,6 проценти се ненаселени. Вкупната корисна површина на населените станови 55 212 163 м2, додека на ненаселените е 27 850 636 метри квадратни. Во просек населените станови имаат по 103 метри квадратни, додека ненаселените во просек се по 90 метри квадратни.

Во Југозападниот регион има најмногу празни станови, каде од вкупно 51 348 станови над половината се празни. Најмалку празни станови има во Скопскиот регион, каде од 243 252 станови, 29 проценти се празни или 70 094.

Од скопските општини најмногу празни станови има Центар – 10 865 или над 40 проценти од вкупниот број, а најмалку празни станови има Чаир – 22,5 проценти од вкупно 17 771 стан. Интересно е дека за 20 години во Центар бројот на станови е зголемен за над 30 проценти, додека во Чаир за само 3,62 проценти.

Промовирани огласи »

Прилепските угостители се соочуваат со недостиг од персонал и до 40 отсто и истакнуваат дека моментално ова е најголемиот проблем за нив. Бараат законски измени за да може да ги вклучат и средношколците во ангажирањето на работна сила.

Според Јорданчо Момироски, претседател на здружението за угостителство и туризам „Меанџии“ од Прилеп, разговарано е со Стопанската комора и со претставници од Агенцијата за вработување.

Има недостиг од келнери, готвачи, помошен персонал. Имаме голем проблем во сите сфери во угостителството. Моментално работиме со помалку персонал, кој колку може, па и самите сопственици работат. Но, со недостиг од персонал се скратува и понудата во менијата. Бараме и законски регулативи и средношколци да може да работат, да ги вклучиме, бидејќи тие сѐ уште не може да работат во странство. За вклучување на средношколците разговаравме и со Стопанската комора и со претставници на Агенцијата за вработување. Има некои законски рамки за да бидат приправници за да може регуларно да ги вклопиме во системот на работа. Само има проблем што од секое средно училиште не може да се ангажира од која било насока. Се надеваме дека за брзо ќе се реши. Моментално може да се вработуваат 18-годишници, матуранти. Тоа е единствениот излез засега да се покрие недостигот од персонал – вели Момироски.

Годинава, главен тренд на сезонско работење во хотелиерството е во Хрватска. Ирена Петреска, регионален менаџер во агенција за посредување за работа во странство вели дека 5.000 до 7.000 Македонци ова лето ќе го поминат во сезонска работа во хрватското хотелиерство. Одат и за заработувачка и да престојуваат во атрактивни туристички места.

Но, има уште поголем проблем.

Македонците имаат тренд на групни миграции, така што, по завршувањето на кризниот период со короната, како дестинација најмногу се јавува Хрватска. Проблемот не е тоа што ќе поминат сезонско вработување, проблемот е карактерот на вработувањето. Тие ќе работат сезонски, без можност за постојано или долгорочно вработување, но, од друга страна, ќе се вратат во Македонија и повторно ќе бидат невработени лица, сѐ додека не се смени нешто во системот и во начинот на работењето во угостителството – вели Петреска.

Во Прилеп има 80 угостителски субјекти со околу 700 вработени. Јорданчо Момироски смета дека угостителите прават напори да дадат поголема плата.

Моментно на персоналот му е зголемена основната плата, а земаат и добри дневници. Угостителите, во рамките на своите можности го даваат максимумот на секој начин за да се задржи персоналот. Се одразува и светската криза. Прво на удар е угостителството – вели преседателот на прилепското здружение за угостителство и туризам „Меанџии“.

Промовирани огласи »

Ако сонувате да дадете отказ, да се преселите и да започнете одново, помислете на земји во кои можете да добиете многу за вашите пари, советува новинар на Форбс и ги претставува земјите каде што е најевтино да се живее.

Иако тој сугерира дека оние што ќе се преселат во една од овие земји нема да мора да работат, идејата изгледа прилично утопистичка, но секако вреди да се размисли.

Како и да е, еве го списокот.

Костарика

Костарика ја нарекуваат и „Швајцарија од Централна Америка“, а според Форбс е на врвот на најпосакуваните земји. Разумни трошоци за живот, влада која се грижи за своите жители, широк избор на недвижнини, природни убавини и пријателски расположени луѓе се само дел од аргументите што ги наведуваат. Форбс проценува дека може многу убаво да живее со околу 1.600 евра месечно, но трошоците може да бидат многу помали, во зависност од потребите.

Панама

Позната по својот познат канал, Панама е една од земјите во Латинска Америка која неуморно се развива. Погледот на океанот, топлата клима и мноштвото капацитети се сосема доволна причина за многумина да заминат во Панама. Главниот град Панама Сити е еден од најевтините престолнини во светот. Јавниот превоз е невообичаено евтин, за мала надокнада можете да јадете колку сакате, а земјата е позната и по одличната здравствена заштита: на пример, за посета на лекар плаќате само од 10 до 20 долари.

Мексико

Со 31 држава, Мексико е огромно, и затоа има што да понуди - од големи градови до рурални села и необични градови на плажа. Трошоците за живот, се разбира, зависат од вашиот животен стил, но може да се живее со помалку од 2.000 евра месечно - поради евтини недвижнини, прифатлива храна во маркети и ресторани, евтин превоз, евтина медицинска нега, бесплатна и достапна забава и многу повеќе од тоа.

Колумбија

Војните, конфликтите и нарко-картелите биле дел од колумбиското секојдневие во минатото, но со текот на времето, земјата станала поскротена и туризмот расте. Меделин е едно од местата од најголем интерес, пред се поради климата. На оние на кои не им пречи топлото и тропско време, на располагање им стојат карипските градови на брегот на Санта Марта и Картагена. За 800 евра месечно може да се живее прилично добро во Колумбија, тврди Форбс, а веројатно и за многу помалку од тоа.

Португалија

Меѓу поевтините европски дестинации Форбс ја издвојува Португалија. Историските градови, прекрасните плажи, одличната храна и вино, како и прекрасната природа прават прекрасна загатка на задоволства, во комбинација со срдечни луѓе и пријателски цени. На листата на „одбрани“ градови, заедно со Лисабон и Порто, се и Обидос, Ламего, Коста Нова, Монсараз... во Португалија, пар може одлично да живее со нешто повеќе од 2.000 евра месечно.

Еквадор

Еквадор е земја на вечна пролет во која просечната годишна температура е околу 20 степени, а со повеќе од 850 километри крајбрежје, не е ни чудо што Еквадор ги има едни од најубавите плажи на светот. Оние кои бараат нова адреса честопати се сопнуваат на градот Кито, Салинас на плажа, заспаното село Котакачи и Вилкабамба, познато по својата лежерна атмосфера. Еден човек може да живее во Еквадор за 1.200 долари месечно, пар за 1.650 долари - двособен стан со две бањи во центарот на Куенца чини 500 долари месечно, храната е многу евтина ...

Малезија

Малезија е идеална дестинација за луѓе кои не го поднесуваат студот, а покрај тропската клима и пристапните цени, Малезија нуди и прекрасни плажи, острови и џунгли, возбудливи градови и гурманска храна. Исто така, во Малезија лесно ќе стекнете нови пријатели бидејќи англискиот е неофицијален прв јазик. Многу имигранти живеат во Куала Лумпур и Пенанг, а има директни летови од двата града до повеќе од 30 различни земји. Еден самец во Малезија може да живее удобно со 1.705 долари месечно, а пар со помалку од 2.000 долари месечно.

Франција

Иако ретко кој од нашиот регион би можел лесно да си дозволи да се пресели во Франција, тоа е и на листата на Форбс. Меѓутоа, ако не останеме само во Париз и Лион, има и поевтини региони, кои комбинираат атрактивни понуди за недвижнини со висок животен стандард. На пример, во поморските области на Нормандија и Бретања, двојката може да живее со помалку од 2.000 евра месечно, со големи заштеди од трошоците за домување.

Малта

Медитеранската Малта се карактеризира со одлична инфраструктура, атрактивна архитектура, пријателски настроени жители кои зборуваат англиски, како и пријатна, топла клима во текот на целата година. Дополнително, цените на Малта се сè уште достапни, без разлика на бројот на туристи. Форбс ги препорачува Валета, Гозо и Комино за живеење.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »