Промовирани огласи »

Ако планирате да започнете да штедите, морате да имате на ум дека секој почеток е тежок. Важно е да имате пред себе долгорочна цел, која ќе ве мотивира да имате добри навики на штедење. На пример, поставете си цел: да одите на одмор, да исплатите долг, да си го купите првиот автомобил, да одите на патување низ светот или сами да си платите повисок степен на образование.

Веќе имате цел пред себе? Во продолжение неколку начини како можете да заштедите:

  • Однапред планирајте ги оброците и приготвувајте ги дома.
  • Тренирајте дома или на отворено.
  • Заменете го транспортот со такси со пешачење или возење велосипед колку што е можно почесто.
  • Продајте го она што повеќе не ви е потребно
  • Користете го правилото 20%. Обидете се да одделувате 20% од сите ваши нови приходи за штедење.
  • Отворете си штедна книшка
  • Предизвикајте се себеси и обидете се еден месец да бидете на „парична диета“. Тоа значи да си изберете месец од годината, на пример мај, и да се обидете 31 ден да ги купувате само неопходните работи кои ви се потребни во секојдневниот живот.

Штедењето пари е важно, без разлика каква цел имате пред себе. Стекнувањето добри навики од млада возраст, ќе ви го олесни живеењето подоцна во животот. Штедењето за големи купувања е одличен начин вистински да ја разберете и цените вредноста на парите и на напорната работа. Но, треба да имате на ум дека тоа е бавен процес и понекогаш се потребни години за да се видат резултатите.

Промовирани огласи »

Едно истражување за кардиоваскуларни заболувања споделува нови податоци каде покажува колку вашето здравје може да зависи од тоа што работите односно од обемот и средината на работно место.

Луѓето кои работеле на стресни работни позиции кој бараат голем напор, притоа добиваат ниска награда или паричен надоместок, имале двојно поголем ризик од срцеви заболувања отколку луѓето кои биле ослободени од такви околности.

Истражувачите добија информации за срцеви заболувања користејќи воспоставени здравствени бази на податоци.

Заклучокот е дека клучен фактор за срцеви заболувања се, токсична и стресна работна средина каде што е присутен висок физички напор и обем во работењето за ниски примања или бонуси.

За да се минимализираат симптомите односно заболувањата потребен е баланс помеѓу работните задачи, за нечречено функционирање и живеење и минимален ризик од срцево заболување.

Промовирани огласи »

Светот постојано се менува. Веќе не мора да работите од девет до пет, а канцелариите се попразни благодарение на промената на работа дома.

Понекогаш, можеме да ги предвидиме трендовите, како што е порастот на вештачката интелигенција. Но инстантни состојби и промени се случуваат неочекувано изминативе години - како што е префрлањето на работа на далечина поради Ковид-19. Значи, што можат да очекуваат работниците во 2024 година?

Во продолжение неколку најавени измени кои се очекуваат да се случат во новата 2024 година низ светот:

Права за бременост

Оваа година, Законот за заштита (бременост и семејно отсуство) се продолжи со измени и дополнувања на заштитата од технолошки вишок за идните мајки и новите родители во Велика Британија. Мерките ќе важат и за работниците на отсуство за посвојување и заедничко родителско отсуство, што практично ќе ги спречи да бидат првите кои ќе бидат отпуштени по враќањето на работа. Потребни се дополнителни регулативи од владата за да се утврди како ќе се спроведува законот - и тие се очекува да стапат на сила околу април 2024 година.

Четиридневна недела

Флексибилното работење станува норма за многумина и оваа година, најголемиот светски пробен период од четиридневна недела заврши со позитивни резултати. Од 61 компанија што влегоа во шестмесечниот пробен период, 56 одлучија да продолжат со новата шема на работа, а 18 ја направија постојана во САД и Канада.

Употреба на вештачка интелигенција

Некои се загрижени дека брзиот пораст на вештачката интелигенција ќе резултира со тоа што луѓето ќе ги загубат своите работни места поради роботи. Други велат дека автоматизацијата ќе нè ослободи од секојдневните администраторски задачи кои одземаат многу време. Она што го знаеме е дека генеративните алатки за вештачка интелигенција ќе станат почести на работните места.

Враќање во канцеларија наспроти флексибилно работење

Некои организации стојат цврсто во нивниот чекор кон далечинско или хибридно работење во Велика британија. И оваа година, Предлог-законот за работни односи (флексибилна работа) доби кралска согласност. Тоа значи дека од пролетта 2025 година, вработените ќе можат да поднесат две флексибилни работни барања во секој 12-месечен период, а работодавачите мора да одговорат на барањето во рок од два месеци.

Промовирани огласи »

Некогаш изборот на вистинската професија може да биде тежок. Дури и советите од најблиските некогаш не би биле доволни за  да се одлучите по кој пат ке одите. Некогаш размислувате дали да ја одберете професијата што ја сакате или професијата која ќе ви  донесе голема заработка. 

Без разлика дали сте почетник или  искусен професионалец, следете ги овие чекори за да ви помогнат да одлучите за вашиот идеален пат.

  • Утрврдете дали се навистина движете во погрешна насока.
  • Дознајте што сакате - а што не сакате.
  • Проценете ја вашата позадина и карактер.
  • Прашајте за совет, но не секогаш го прифаќајте
  • Бидете отворени за сите можности.

Дали вие би прифателе работа  која не ја сакате а е добро платена? Или сепак би ја почитувале вашата омилена професија иако заработката е помала и ќе се придржувате кон неа.

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »