Промовирани огласи »

Страницата „Ворлд оф статистик“ на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) објави листа на земји во кои се трошат најмногу килограми кафе по глава на жител годишно, според која Македонија се наоѓа на 18-то место. Според листата, Македонците, секој поединечно, годишно пијат 3,6 килограми кафе.

Според оваа статистика, на прво место е Финска, каде годишно се пијат дури 9,6 килограми на жител. Следуваат Норвешка со 7,2 килограми, Холандија со 6,7, Шведска со 6,5 и Словенија со 6,1 килограми, јави дописникот на МИА од Белград.

Во „топ 10“ е и Австрија каде жителите годишно пијат 5,5 килограми, а веднаш зад неа, на седмата позиција е Србија со 5,4 килограми.

Следуваат Данска, Германија и Белгија, со околу 5 килограми испиено кафе годишно на жител.

Од земјите во регионот, Босна и Херцеговина е на 12 место со 4,3 килограми испиено кафе на жител годишно, а Хрватска е три места подолу со 3,8 килограми.

Последното место на оваа листа го зазема Нигерија со 0,03 килограми кафе.

Светскиот просек, инаку, е два килограма кафе по глава на жител годишно.

Промовирани огласи »

Остар пад на цените на станбените недвижности во Германија. Цените нагло паднаа во вториот квартал, покажаа податоците на заводот за статистика како одраз на влијанието на високите каматни стапки врз побарувачката. Цените на недвижностите потонаа во периодот од април до јуни за 9,9 отсто во споредба со истиот период минатата година, што е најголем пад откако Дестатис почна да собира податоци во 2000 година.

Добиј ги најважните вести, бесплатно на Viber
На тримесечно ниво се намалени за 1,5 отсто. Во градовите како Берлин, Хамбург и Минхен становите биле поевтини за 9,8 отсто од вториот квартал од минатата година, а семејните куќи за 12,6 отсто. Во ретко населените рурални средини е забележан поблаг пад на цените, па становите поевтинија за 7,0 отсто, а семејните куќи за 8,1 отсто.

Падот на цените го одразува слабеењето на побарувачката под притисок на високите каматни стапки, што го натера водечкиот германски инвеститор за недвижнини Vonovia да ги одложи плановите за изградба на 60.000 станови.

Компанијата ги истакнува и високите трошоци за изградба, кои, според портпаролката, се зголемени од околу три илјади евра за метар квадратен на околу пет илјади евра за метар квадратен.

Промовирани огласи »

Вообичаената работна недела за лицата на возраст од 20 до 64 години во Европската унија лани била во просек 37,5 часа, објави Евростат.

Според поединечните податоци за секоја земја, како што посочува, се забележуваат значителни разлики меѓу членките од Европската унија.

Најдолга работна недела е забележана во Грција, каде е 41 час. Следува Полска со 40,4 часа, а потоа Романија и Бугарија со 40,2 часа.

За разлика од нив, Холандија имала најкратка работна недела, со 33,2 часа. Следува Германија со 35,3 и Данска со 35,4 часа.

Хрватска е натпросечно во оваа категорија. Имено, Евростат објави дека вообичаената работна недела кај нас е 39,6 часа.

Промовирани огласи »

Следниот месец, октомври, имаме два неработни денови. 

Во согласност со Законот за празниците на Република Македонија неработни се 11. октомври (среда), Ден на народното востание и 23. октомври (понеделник), Ден на Македонската револуционерна борба.

за припадниците на еврејската заедница неработен ден е овој понеделник, 25 септември, кога се слави Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур.

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во земјава неработен е следниот четвртик, 28 септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците. 

Повеќе вести...
барај огласи за вработување » барај останати огласи »