
ДБ Шенкер Македонија вработува
Вилушкарист
ДБ Шенкер е глобален работодавач. Како транспортна и логистичка дивизија на Германски железници (Deutsche Bahn) ние организираме транспорт на стока и проекти во целиот свет, преку нашите 2000 локации во 130 земји. Во ДБ Шенкер, вие сте дел од глобална логистичка мрежа која го поврзува светот. Мрежа која Ви овозможува да ја обликувате Вашата кариера охрабрувајќи Ве да придонесувате и да направите промени. Вработените ги бираме врз основа на нивото искуство, перспективи, способности и вештини.
Работни задачи:
- Утовар, истовар, сортирање, палетизирање и складирање на стока
- Оптимално организирање на просторот во магацинот
- Управува со средства, алати и машини за внатрешен транспорт, товарење и истоварување по налог на магацинските администратори и претпоставените
- Придржување до мерките за безбедност и здравје при работа и употреба на лична заштитна опрема
- Придржување до упатствата за работа
- Навремено известување на претпоставените за сите неправилности во функционирањето на уредите во магацинот и неправилности со стоката
- Тимска работа и координација
- Други задачи по налог на претпоставените
- Одржување хигиена во магацинот
Вашиот профил:
- Работно искуство како виљушкарист - минимум 2 години
- Лиценца за управување со виљушкар
- Завршено средно образование
- Работа во магацин за царинско складирање како и познавање на царински процедури ќе се смета за предност
Вашите способности:
- тимски ориентирана личност
- силна посветеност на работата
- спремност за работа со рокови
- самоиницијативност, исполнителност, лојалност, комуникативност
- одговорност, организираност, чесност
Нашата понуда:
- работа во глобална компанија, една од најуспешните во светот на транспорт и логистика
- фиксно работно време (понеделник-петок, 08-16 часот)
- организиран превоз од/до работа
Заинтересирани? Со нетрпение ја очекуваме Вашата апликација.
Вашата кратка биографија испратете ја на
E-mail: [најави се за да го видиш е-маилот]
https://www.dbschenker.com/mk-mk
*Однапред Ви благодариме за испратените биографии. Ќе бидат контактирани неколку кандидати чиј профил (образование, искуство, достигнувања) најмногу одговара на позицијата.
Со испраќање на Вашите биографии се согласувате да ги користиме Вашите лични податоци, кои се безбедни, доверливи, и ќе бидат користени исклучиво за процесот на селекцијата.

Слични огласи »